Издадени 307 одобренија за градење во декември лани


Во декември лани издадени се 307 одобренија за градење, што е за 18,8 проценти помалку во однос на декември 2021 година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.102 131.000 денари, што е за 85,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, …

Издадени 307 одобренија за градење во декември лани Read More »

Регистрирани повеќе од 420 случаи на злоупотреба во Католичка епархија во Есен


Студија за сексуална злоупотреба во Католичката епархија Есен, Германија документираше 423 случаи на сексуална злоупотреба, многу повеќе отколку што претходно што се мислеше. Институтот ИПП, со седиште во Минхен, идентификуваше 201 виновник, главно свештеници од областа и други епархии. Во извештајот, за чија изработка беа потребни три години, анализирани се сите лични досиеја, вклучително и …

Регистрирани повеќе од 420 случаи на злоупотреба во Католичка епархија во Есен Read More »

Нови дојави за бомби во скопски училишта


Учениците од гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“ денеска биле евакуирани, откако пристигнале дојави за бомби, објавија медиумите. Продолжуваат заканите за експлозивни направи, откако и минатата недела имаше пријави на повеќе локации низ Скопје за бомби. Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот.

Уште еден земјотрес во Романија


Силен земјотрес ја погоди и Романија. Според првичните инфорации, потресот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала. Земјотресот е во близина на градот Фратеши. Земјотресот е регистриран во 13.16 часот на длабочина од 10 км. По него следуваше уште еден, послаб, со јачина од 3,9 степени, а потоа и трет со јачина од …

Уште еден земјотрес во Романија Read More »

Инфлацијата во јануари 17,1 отсто на годишно ниво и 0,1 отсто на месечно


Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти.  Пораст …

Инфлацијата во јануари 17,1 отсто на годишно ниво и 0,1 отсто на месечно Read More »

Граѓаните алармираа за оштетен потпорен ѕид на Кале, но ненадлежни се и општината и градот


Екипи на Општина Центар извршиле увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата „Лазар Личеноски“ на Кале за кој, како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, стигнале предупредувања од граѓани дека може да се сруши. Станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои водат од улицата „Лазар Личеноски“ до локацијата на Француски гробишта …

Граѓаните алармираа за оштетен потпорен ѕид на Кале, но ненадлежни се и општината и градот Read More »

КСОМ бара платата да се исплаќа до 5-ти во месецот


За да не доцнат повеќе платите и за нивна редовна исплата, од Конфедерацијата на синдикалните организации бараат платата да се исплаќа до 5-ти во месецот, а не како досега до 15-ти.  – Плати сѐ уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, …

КСОМ бара платата да се исплаќа до 5-ти во месецот Read More »

Платете ги заостанатите сметки за „Водовод“ без камати и на рати


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека од утре, 15.02.2023 започнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање.  Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.  – Ги повикуваме сите корисници кои …

Платете ги заостанатите сметки за „Водовод“ без камати и на рати Read More »

Катар донира монтажни куќи користени за Мундијалот за преживеаните од земјотресот во Турција


Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал. Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа …

Катар донира монтажни куќи користени за Мундијалот за преживеаните од земјотресот во Турција Read More »

Црвениот крст ги прати првите камиони со помош за Турција и за Сирија


Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија. Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства …

Црвениот крст ги прати првите камиони со помош за Турција и за Сирија Read More »

Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“


Утре, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“. Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела …

Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“ Read More »

Учениците во Хрватска добиваат нов предмет


Учениците од прво до четврто одделение во основните училиште во Хрватска, ќе добијат нов училиштен предмет – Практични вештини, објави „Јутарњи лист“. Од есен, околу 50 училишта ќе почнат со експериментална реализација на целодневниот училиштен проект, што значи дека децата ќе останат на училиште до попладневните часови. Министерството сѐ уште го нема презентирано целосниот проект, …

Учениците во Хрватска добиваат нов предмет Read More »

Семејство од Кочани нуди сместување за настраданите од земјотресите


Кочанчанец понуди сместување за две семејства кои настрадале во земјотресот во Турција и Сирија.  -Со сопругата моја одлучувме да ве замолиме да не контактирате доколку познавате луѓе кои настрадале во земјотресите во Турција и Сирија, а случајно или намерно дошле во МАКЕДОНИЈА и им треба сместување, ние можеме привремено за две фамилии барем две години …

Семејство од Кочани нуди сместување за настраданите од земјотресите Read More »

Жолтите сандали на срамот


Летна, стара, искината облека, расфрлана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Ова се сликите, кои ја налутија македонската јавност, откако привршува акцијата за собирање донации за настраданите од страшниот земјотрес во Турција и во Сирија. Уште истиот ден, понеделник, кога се случи земјотресот, а илјадници луѓе го загубија животот, додека други останаа без ништо, светот се …

Жолтите сандали на срамот Read More »

(Видео) Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри


Мраморното Море кај Истанбул одеднаш се повлекло за 25 метри, што предизвика загриженост кај жителите. За појавата се огласи Техничкиот факултет во истанбул. Велат дека повлекувањето на морето не е поврзано со силниот земјотрес кој пред осум дена го погоди југот на земјата. The Marmara Sea near Istanbul suddenly dropped 20 to 25 meters today. …

(Видео) Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри Read More »

Османи во Молдавија: Војната ги замрзна напорите за решавање на проблемот со Приднестровје


  Претседавачот со ОБСЕ министерот Бујар Османи за време на својата официјална посета на Молдавија оствари средба со молдавскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и европска интеграција, Нику Попеску. Toj ја истакна важноста на теренските мисии на ОБСЕ и нивното директно влијание на животот на луѓето и изрази благодарност за поддршката која Молдавија ја …

Османи во Молдавија: Војната ги замрзна напорите за решавање на проблемот со Приднестровје Read More »

Во Екваторијална Гвинеја се шири смртоносниот вирус Марбург


Екваторијална Гвинеја го потврди ширењето на вирусот Марбург, многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, откако најмалку девет лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во централноафриканска земја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на непозната хеморагична треска. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж …

Во Екваторијална Гвинеја се шири смртоносниот вирус Марбург Read More »

Пронајдено телото на руски генерал, минатиот месец доби отказ


  Генерал-мајорот Владимир Макаров, поранешен заменик на шефот на Центарот за борба против екстремизам на руското министерство за внатрешни работи, пронајден е мртво во селото Голиково во близина на Москва. Иако оваа информација уште не е официјално потврдена, пренесена е бројни медиуми, меѓу кои и државната агенција Тасс. ❗️ Major General Vladimir Makarov, former deputy …

Пронајдено телото на руски генерал, минатиот месец доби отказ Read More »

Приведен млад велешанец, со нож им се заканувал на родителите


Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот А.А., на возраст од 31 година. Како информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, приведениот по кратка расправија, прво со остар предмет упатил закани кон неговите родители, а потоа се заканил дека со бензин ќе ја запали семејната куќа. Лицето било задржано во полициска …

Приведен млад велешанец, со нож им се заканувал на родителите Read More »