Приведен млад велешанец, со нож им се заканувал на родителите


Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот А.А., на возраст од 31 година.

Како информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, приведениот по кратка расправија, прво со остар предмет упатил закани кон неговите родители, а потоа се заканил дека со бензин ќе ја запали семејната куќа.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.