Платете ги заостанатите сметки за „Водовод“ без камати и на рати


Фото: Б. Грданоски

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека од утре, 15.02.2023 започнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

 Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.

 – Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање – велат од „Водовод и канализација“.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje