Пронајдено телото на руски генерал, минатиот месец доби отказ


 

Генерал-мајорот Владимир Макаров, поранешен заменик на шефот на Центарот за борба против екстремизам на руското министерство за внатрешни работи, пронајден е мртво во селото Голиково во близина на Москва.

Иако оваа информација уште не е официјално потврдена, пренесена е бројни медиуми, меѓу кои и државната агенција Тасс.

Телото на генералот најдено е во куќа

Центарот за борба против екстремизмот, познат како „Центар Е“, основан е во 2008 година за да ги сузбие политичките протести во Русија. Руските власти го корстат терминот „екстремистички“ за опишување низа опозициски групи, како што е Фондацијата за борба против корупцијата на затоврениот критичар на Кремљ Алексеј Навални, или медиуми кои се забранети поради организирање противвладини протести и ширење информации кои се сметаат штетни за државата.

Руските медиуми нведуваат дека телото на покојниот генерал е најдено во куќа. Се нагаѓа дека можеби извршил самоубиство откако минатиот месец беше отпуштен од министерството за внатрешни работи, Телеграм каналот VChK-OGPU ги цитира роднините кои рекле дека Макаров паднал во депресија откако ја изгубил работата. Речено е дека сопругата покрај неговото тело нашла оружје, пренесе Ројтерс.