Нови дојави за бомби во скопски училишта


Учениците од гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“ денеска биле евакуирани, откако пристигнале дојави за бомби, објавија медиумите.

Продолжуваат заканите за експлозивни направи, откако и минатата недела имаше пријави на повеќе локации низ Скопје за бомби.

Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот.