Уште еден земјотрес во Романија


Силен земјотрес ја погоди и Романија. Според првичните инфорации, потресот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала.

Земјотресот е во близина на градот Фратеши.

Земјотресот е регистриран во 13.16 часот на длабочина од 10 км. По него следуваше уште еден, послаб, со јачина од 3,9 степени, а потоа и трет со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.

Нешто подоцна, во 13.29 часот регистриран е и четврт потрес во Романија со јачина од 3,4 степени.

Нема информации за настанати штети.