Поради дефект прекинато е водоснабдувањето на улица „Букурешка“


 Поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улица „Букурешка“ бр.107, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка“, дел од „Париска“ и дел од „Прашка“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот.

Со базенот во Рекреативниот центар ќе управува Општина Сарај


Општина Сарај соопшти дека по барање на општината, Владата ја одобри одлуката базенот во Рекреативниот центар да поминеа под управување на Општина Сарај. – Имајќи ја предвид состојбата на демолираниот базен и околните објекти кои не се во функсионалност повеќе од 30 години, сега со менаџирањето на Општина Сарај се отвораат можности овој базен да се ревитализира и …

Со базенот во Рекреативниот центар ќе управува Општина Сарај Read More »

Група странски државјани уапсени во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија


Група странски државјани е уапсена во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија. Јави Би-bи-sи повикувајќи се на локалните медиуми. Шест лица се приведени под сомнение дека поставиле тајни камери за снимање на чувствителни инфраструктурни објекти кои се користат за доставување воена помош за Украина. Радио станицата РМФ ФМ (RMF FM) јави дека оваа шпионска …

Група странски државјани уапсени во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија Read More »

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи


Оспоруваниот план за реформа на пензискиот систем на Франција е во последна законодавна фаза, при што денеска за него ќе се гласа во обата дома на Парламентот. Гласањето следува по масовните протести во земјата против пензиските реформи. Комсија составена од членови на двата дома,  Сенатот и Националното собрание, вчера ги разработи деталите за да се …

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи Read More »

Општина Карпош ќе дава субвенции за замена на покриви и лифтови


Советот на Општина Карпош заседаваше по дваесет и трети пат, притоа разгледувајќи 22 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. По широка дискусија, советниците го усвоија предлог – правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на колективните станбени објекти (згради), како и замена на …

Општина Карпош ќе дава субвенции за замена на покриви и лифтови Read More »

Дали врне дожд од дијаманти на Уран и Нептун и што навистина значи тоа?


Под ледените атмосфери од водород и хелиум на Нептун и на Уран, течната обвивка е богата со вода, амонијак, метан и можеби нешто многу блескаво – дијаманти. Научниците долго време се сомневаа дека скапоцените камења може да врнат од обвивката на овие ледени џинови кон цврстото јадро. Внатрешната структура на Нептун е слична на онаа …

Дали врне дожд од дијаманти на Уран и Нептун и што навистина значи тоа? Read More »

(Видео) Едукативен настан по повод Светскиот ден на оралното здравје


Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата. Дополнително уште позагрижувачки е податокот дека се  поголем е бројот и на деца кои имаат расипани заби, и кои недоволно се грижа за оралното здравје. Оралните болести влијаат врз животот во секој поглед, на самодовербата во …

(Видео) Едукативен настан по повод Светскиот ден на оралното здравје Read More »

Над 100 европарламентарци бараат УЕФА да ја исфрли Белорусија од евроквалификациите


 Повеќе од 100 претставници во Европскиот парламент преку писмо го повикаа денеска претседател на УЕФА, Александар Чеферин, да ја исклучи Белорусија од квалификациите за ЕУРО 2024 кои стартуваат идната недела. Барањето е мотивирано од белоруската поддршка на агресијата врз Украина поради која УЕФА претходно ги исклучи руските репрезентации и клубови од сите европски натпреварувања. Белорусија во квалификациите за ЕУРО2024 е во група со Швајцарија, Израел, …

Над 100 европарламентарци бараат УЕФА да ја исфрли Белорусија од евроквалификациите Read More »

Скандал во Италија: Навивачите дивееја пред мечот од ЛШ (Фото/Видео)


Во центарот на Неапол имаше сериозни судири меѓу навивачите на Ајнтрахт и полицијата во пресрет на натпреварот на германскиот тим од Лигата на шампионите против Наполи. Прозорците на автомобилот беа искршени, а навивачите фрлаа факели, столици и други предмети додека случајните минувачи се засолнуваа во баровите и рестораните. Запалени се и полициско возило и неколку …

Скандал во Италија: Навивачите дивееја пред мечот од ЛШ (Фото/Видео) Read More »

(Видео) Почна воената обука на деца на Крим


Новинарот на Би-би-си Френсис Скар сподели видео на Твитер на кое се гледаат деца кои минуваат низ воена обука на Крим. „Руските државни медиуми јавуваат дека основната воена обука започнала во окупираниот Крим“, напиша Скар покрај објавеното видео. Во првиот дел од видеото се гледаат две момчиња и девојка како склопуваат пушка, додека другите деца …

(Видео) Почна воената обука на деца на Крим Read More »

До петок ќе завршат анализите за цените на шекерот, јајцата и зејтинот


Министерот за економија Крешник Бектеши очекува до петок да завршат анализите кои треба да покажат дали ќе се замрзнат цените на шекерот, јајцата и зејтинот. Како што рече вечерва во гостување на телевизија Телма, се чекаат дополнителни податоци од стопанските комори и Царинската управа. -Не се завршени анализите. Очекувам до петок да бидат завршени. Очекуваме …

До петок ќе завршат анализите за цените на шекерот, јајцата и зејтинот Read More »

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз


Четиринаесет здруженија на велосипедисти од целата држава основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија, а „Антигонеа бајкинг“ од Неготино е еден од основачите, информираа вечерва од неготинското здружение. – Основачкото Собрание се одржа пред два дена во Неготино. СВЗМ е основан со цел унапредување и промоција на велосипедизмот во Македонија, промоција на велосипедските патеки и …

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз Read More »

Ќе се поништат 11 маркици за згради во Бутел – Град Скопје ја поздрави одлуката


    Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски вели дека денес на предлог на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Советот на Општина Бутел едногласно изгласа и даде целосна поддршка за поништување на 11 градежни маркици за згради од ДУП ССИ 06.07 и ДУП С16. „За ДУП С16 кој е на сила ќе се отпочне …

Ќе се поништат 11 маркици за згради во Бутел – Град Скопје ја поздрави одлуката Read More »

Ѓоковиќ ќе настапи на мастерсот во Монте Карло


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата учесници на мастерс турнирот во Монте Карло што ќе се одржи од 9. до 16. април. Ѓоковиќ го пропушти мастерсот во Индијан Велс бидејќи не му беше дозволен влез во САД, а, најверојатно, од истите причини нема да настапи ниту на турнирот во Мајами кој започнува на 22 март. На …

Ѓоковиќ ќе настапи на мастерсот во Монте Карло Read More »

Отпадот е приоритет на министерката за животна средина, но е потребно време


  Отпадот е приоритет на новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, но и за овој и за сите останати еколошки проблеми во државава е потребно време. За оваа година, Шукова најави распределување на 7.000 контејнери за рециклажа на отпадот во сите општини во Македонија, а парите за нив се обезбедени од …

Отпадот е приоритет на министерката за животна средина, но е потребно време Read More »

Тренчевска: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на градинките на територијата на целата држава


Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети градинката „Брешиа“ во Дебар која беше пречекана од страна на директорката, Ајрие Дачи. За време на посетата министерката проследи кратка претстава одиграна од страна на децата во градинката. Градинката моментално вкупно во сите нејзини објекти  има вклучено 399 деца во процесот на воспитание и …

Тренчевска: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на градинките на територијата на целата држава Read More »

Рација во Берлин, 400 полицајци и специјалци извршиле претрес на станови на шверцери на луѓе


Полицијата во Берлин и сојузната покраина Саксонија-Анхалт западно од главниот град започнаа голема рација против група осомничени шверцери на луѓе. Повеќе од 20 станови и канцеларии, главно во Берлин, се претресени утринава, изјави портпаролот на федералната полиција. Уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале во провинцијата Саксонија-Анхалт. Бандата …

Рација во Берлин, 400 полицајци и специјалци извршиле претрес на станови на шверцери на луѓе Read More »

Штрајк на наставниците, возачите на метрото и лекарите во Велика Британија


Илјадници возачи на лондонското метро, ​​наставници, лекари и државни службеници денеска штрајкуваат во Велика Британија, барајќи повисоки плати. Штрајкот е организиран на денот кога конзервативната влада го објавува годишниот буџет. Во Лондон утрово подземната железница речиси воопшто не сообраќаше поради штрајкот на возачите и другите вработени. Штрајкуваат и просветарите, кои најавија дека протестот ќе продолжи …

Штрајк на наставниците, возачите на метрото и лекарите во Велика Британија Read More »

Непречено се одвиваат градежните активности за реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце


Почната е изградбата на осум подвозници и шест надвозници во рамки на градежните активности за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце од европскиот коридор 8, соопштија денеска од Јавно претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на Република Северна Македонија. Во периодов се довршуваат започнатите работи на пет надвозници, два подвозника, два пропусти и мостот на река Пчиња. – …

Непречено се одвиваат градежните активности за реконструкција на пругата Куманово – Бељаковце Read More »

Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк


Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март.  Исто така извршена …

Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк Read More »