Рација во Берлин, 400 полицајци и специјалци извршиле претрес на станови на шверцери на луѓе


Полицијата во Берлин и сојузната покраина Саксонија-Анхалт западно од главниот град започнаа голема рација против група осомничени шверцери на луѓе.

Повеќе од 20 станови и канцеларии, главно во Берлин, се претресени утринава, изјави портпаролот на федералната полиција. Уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале во провинцијата Саксонија-Анхалт.

Бандата наводно шверцувала луѓе од Ирак и Турција во Германија
Под истрага се вкупно 18 осомничени. Бандата наводно шверцувала луѓе од Турција и Ирак во Германија.

Вкупно 400 полицајци од федералната и берлинската полиција, вклучително и специјалните сили како ГСГ 9, беа распоредени.