Штрајк на наставниците, возачите на метрото и лекарите во Велика Британија


Илјадници возачи на лондонското метро, ​​наставници, лекари и државни службеници денеска штрајкуваат во Велика Британија, барајќи повисоки плати.

Штрајкот е организиран на денот кога конзервативната влада го објавува годишниот буџет.

Во Лондон утрово подземната железница речиси воопшто не сообраќаше поради штрајкот на возачите и другите вработени.

Штрајкуваат и просветарите, кои најавија дека протестот ќе продолжи и утре.

Лекарите кои протестот го започнаа во понеделникот се уште не се вратени на работните места.

Цените на храната и енергијата во Велика Британија растат, а инфлацијата е над 10 отсто.