Поради дефект прекинато е водоснабдувањето на улица „Букурешка“


 Поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улица „Букурешка“ бр.107, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка“, дел од „Париска“ и дел од „Прашка“.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот.