Дојава за бомба во Средното електротехничко училиште во Белград
На адресата на Средното електротехничко училиште во Белград претпладнево е добиена дојава за поставена бомба, јавија белградските медиуми. Училиштето е евакуирано, а тимови на Министерството за внатрешни работи на Србија се на терен. Дел од белградски медиуми јавија дека има дојава за бомба и во средното математичко училиште во Белград.