Италија без Локатели против македонската репрезентација


 Италијанскиот фудбалски репрезентативец Мануел Локатели поради повреда нема да биде во составот на националниот тим за дуелите од завршниот ноемвриски циклус во евроквалификациите против македонската и украинската репрезентација.

„Локатели се врати во својот клуб“, изјави селекторот Лучијано Спалети на синоќешната прес – конференција, непрецизирајќи за каква повреда на играчот за врска на Јувентус станува збор.

На местото на Локатели селекторот Спалети го повика играчот на Лацио, Мануел Лацари.

Италија ја пречекува македонската репрезентација в петок на Олимпискиот стадион во Рим, по што идниот понеделник игра на неутрален терен против Украина во Леверкузен во последното коло во групата Ц во квалификациите за ЕУРО2024.