Дојава за бомба во Средното електротехничко училиште во Белград


На адресата на Средното електротехничко училиште во Белград претпладнево е добиена дојава за поставена бомба, јавија белградските медиуми.

Училиштето е евакуирано, а тимови на Министерството за внатрешни работи на Србија се на терен.

Дел од белградски медиуми јавија дека има дојава за бомба и во средното математичко училиште во Белград.