Жена скокна од терасата на ГТЦ, МВР со детали (Фото)


Фото: 24Инфо

Женско лице пред малку падна или скокна од терасата на Градскиот трговски центар и паднала пред влезот од страната на Плоштад Македонија, објави 24инфо.

Како што објави порталот од очевидци, жената се премислувала неколку пати дали да скокне или не, па едно момче се обидело да ја фати пред да скокне, но не успеало.

Според истите информации жената е жива и има телесни повреди. Очекувајте официјални информации подоцна.

МВР соопшти дека „денеска околу 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека 55-годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено во Ургентен центар „Мајка Тереза“.

Повеќе информации од полицијата најавија за подоцна.