Не е познат мотивот за убиствата во Прага – пишувал морбидни пораки


Во престрелката што се случи вчера попладне на Карловиот универзитет во центарот на Прага загинаа 14 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени, некои тешко, соопшти прашката служба за итни случаи. Чешката полиција нешто по 15 часот извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, на плоштадот „Јан …

Не е познат мотивот за убиствата во Прага – пишувал морбидни пораки Read More »

Новогодишна елка падна врз луѓе на божиќниот панаѓур во Белгија – загина жена (видео)


Една жена загина откако вчера на панаѓур во Белгија врз неа падна елка висок 20 метри, објавија локалните медиуми. Огромното дрво на божиќниот пазар во градот Однаарде, на околу 50 километри западно од Брисел, вчера вечерта не издржало силен налет на ветер, јави белгиската новинска агенција Белга. Kerstboom valt omver in Oudenaarde. Er valt 1 …

Новогодишна елка падна врз луѓе на божиќниот панаѓур во Белгија – загина жена (видео) Read More »

Пакистан користи вештачки дожд за да го намали загадувањето во Лахоре


Во Лахоре, Пакистан, се користеше вештачки дожд во обид да се намали нивото на загадување. Главниот град на источната провинција Пенџаб, во близина на индиската граница, има еден од најлошите квалитети на воздухот во светот и стана екстремно загаден поради растечката популација од повеќе од 13 милиони луѓе. До почетокот на декември, квалитетот на воздухот …

Пакистан користи вештачки дожд за да го намали загадувањето во Лахоре Read More »

Колку навистина e лошо користењето влажни марамчиња?


Многу луѓе користат влажни марамчиња на дневна основа, верувајќи дека тие ќе исчистат потемелно од обичната тоалетна хартија. Но, пред да се одлучите за влажни марамчиња, треба да размислите колку тие всушност се штетни за вашиот задник. Иако одвреме-навреме можете безбедно да се избришете со антибактериски марамчиња, прекумерната употреба на влажни марамчиња потенцијално може да …

Колку навистина e лошо користењето влажни марамчиња? Read More »

Убиецот од Прага е 24-годишен студент, кој претходно си го убил таткото


Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак, чиј крвав пир заврши со 15 жртви и 24 повредени. Претходно денеска, по него, полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби десет лица на …

Убиецот од Прага е 24-годишен студент, кој претходно си го убил таткото Read More »

Советот за македонски јазик при Владата повикува на усвојување на Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик


 Советот за македонски јазик при Владата на Република Северна Македонија го повикува претседателот на собраниската комисија за култура Кастриот Реџепи, веднаш да ја свика комисијата за култура на Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.  – Советот за македонски јазик при Владата на РСМ упатува јавен повик до претседателот на Комисијата …

Советот за македонски јазик при Владата повикува на усвојување на Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик Read More »

„Сони“ со над 50 милиони продадени „Плејстејшн 5“ конзоли


По три години од почетокот на продажбата, компанијата „Сони“ ја надмина бројката од 50 милиони продадени примероци од конзолата за видеоигри „Плејстејшн 5“. Ова, според познавачи, е импресивен број и рекорд, особено ако се земат предвид проблемите со синџирот на снабдување, коишто ја ограничија испораката по ноември 2020 година. На „ПС-5“ конзолата ѝ требаше само …

„Сони“ со над 50 милиони продадени „Плејстејшн 5“ конзоли Read More »

Гевгеличанец нападнал медицинска сестра на Клиника


На 20.12.2023 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Т.(44) од Гевгелија затоа што околу 10.45 часот во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје физички ја нападнал медицинската сестра Н.Р.Б.(41) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ГП ,,Клепало” кај Берово се очекува да се доизгради догодина


На почетокот на следната година би требало да се реализираат завршните активности за доградба и официјално отворање на Граничниот премин „Клепало“, велат од Царинската управа. Интензивно во моментов работи и бугарската страна, рече при денешната посета на Универзитетот ,,Гоце Делчев” -Штип, Златко Ветеровски помошник директор на Сектор за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и …

ГП ,,Клепало” кај Берово се очекува да се доизгради догодина Read More »

Пукање во Прага: 10 мртви и многу повредени на Филозофскиот факултет (Фото и видео)


  Чешката полиција соопшти дека 10 луѓе се убиени и повредени во пукање во Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во центарот на Прага. Уште девет лица се тешко повредени, а десетина други полесно. Напаѓачот е убиен и со него бројот на загинати е 11. Инцидентот се случил на Филозофскиот факултет кој е веднаш до Карловиот …

Пукање во Прага: 10 мртви и многу повредени на Филозофскиот факултет (Фото и видео) Read More »

Преку јавен повик финансирано украсувањето на плоштадот во Скопје?


Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, соопштија од Град Скопје, по написите дека нетранспарентно е направено и онака штурото украсување на центарот на градот.  – Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно …

Преку јавен повик финансирано украсувањето на плоштадот во Скопје? Read More »

Откажан штрајкот на контролорите на летање


Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.  На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше поради дел од позициите што ги смета за несуштенски и што беше …

Откажан штрајкот на контролорите на летање Read More »

Доделена наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски


Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во областа на публицистиката денеска во Собранието му беше доделена на Ненад Георгиевски, а за остварување во областа на новинарството на Мијалче-Мишко Иванов. Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е Зоран Бојаровски. Наградата на лауреатите во име на комисијата им ја врачи истакнатиот …

Доделена наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски Read More »

Просечната плата во октомври 38.843 денари


 Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.  Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување …

Просечната плата во октомври 38.843 денари Read More »

Шпанија нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ за поморска патрола и набљудувачки операции


Шпанското Министерство за одбрана нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ наменети за поморска патрола и набљудувачки операции, јави ДПА, повикувајќи се на европската авиокомпанија. Новиот авион ќе и овозможи на шпанската армија „да го зајакне националниот капацитет за борба со подморници и да ги зголеми и подобри единиците за надзор,разузнавање, пребарување и спасување“, се вели во …

Шпанија нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ за поморска патрола и набљудувачки операции Read More »

Градот Скопје почнува со реализација на проектот за булевар „Хрватска“


Градот Скопје отпочнува со реализација на проектот за булевар „Хрватска“, кој е ветуван пред граѓаните, а не е реализиран повеќе децении. Проектот е еден од најголемите инфраструктурни проекти по чија реализација Скопје ќе има сообраќајно решение со карактер на внатрешна обиколница околу централното јадро и со која се обезбедува побрзо и посигурно поврзување на општината …

Градот Скопје почнува со реализација на проектот за булевар „Хрватска“ Read More »

Не е потребно одобрение од УЕФА за организирање на Супер лигата, реши Европскиот суд на правдата


  Судот на правдата на ЕУ денеска пресуди дека правилата на УЕФА кои се однесуваат на организирањето на фудбалски натпреварувања, како што е Супер лигата, се во спротивност на законодавството на Унијата.  „Правилата на ФИФА и УЕФА за претходно овластување за клупски фудбалски натпреварувања, како што е Супер лигата, претставуваат кршење на правото на Унијата“, …

Не е потребно одобрение од УЕФА за организирање на Супер лигата, реши Европскиот суд на правдата Read More »

Во Основниот суд во Струга утре третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар


Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира  претседателот …

Во Основниот суд во Струга утре третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар Read More »

Женски џемпери и сини сандалки донирани на ученици во Берово – Пекевски се извини


Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска на прес – конференција се извини за ненамерната грешка што се случи со доделените пакети наменети за ученици од деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски”, во кои се најде несоодветна облека која предизвика реакции кај јавноста. Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, како што …

Женски џемпери и сини сандалки донирани на ученици во Берово – Пекевски се извини Read More »

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, постепено ќе биде обезбеден за сите пациенти


Лекот „Трикафта“ е веќе на Универзитетската клиника за детски болести, со 100 милиони денари набавена е терапија за следните неколку месеци, дополнително предвидени се 854 милиони денари за обезбедување на лекот за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија, информира денеска минситерот за здравство …

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, постепено ќе биде обезбеден за сите пациенти Read More »