Новогодишна елка падна врз луѓе на божиќниот панаѓур во Белгија – загина жена (видео)


Една жена загина откако вчера на панаѓур во Белгија врз неа падна елка висок 20 метри, објавија локалните медиуми.

Огромното дрво на божиќниот пазар во градот Однаарде, на околу 50 километри западно од Брисел, вчера вечерта не издржало силен налет на ветер, јави белгиската новинска агенција Белга.

Местото на несреќата е оградено
Елката паднала врз три лица, од кои едното од тешките повреди набргу починало во болница. Остана нејасно дали огромното, празнично украсено дрво е лошо обезбедено. Видеата покажаа дека дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне.

Локалните медиуми го цитираа градоначалникот на Оденаарде, Марник Де Меулеместер, кој изјавил дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото. Местото на несреќата е опколено, а надлежните вршат увид.