Гевгеличанец нападнал медицинска сестра на Клиника


Фото: Б. Грданоски

На 20.12.2023 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Т.(44) од Гевгелија затоа што околу 10.45 часот во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје физички ја нападнал медицинската сестра Н.Р.Б.(41) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.