Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (23.12.2023) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег


Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Одобрувањето беше постигнато по внимателна контрола, рече Фон дер Лајен во Брисел. Во моментов се размислува за идната долгорочна поддршка, со завршени планови за 2024 година, рече …

ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег Read More »

Се зголемува цената на мазутот


Само цената на мазутот од полноќ се зголемува за 1 денар. Останатите цени на горивата остануваат со иста цена. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во …

Се зголемува цената на мазутот Read More »

Финансиска полиција поднесе кривична пријава до ЈО против физички лица за злоупотреба на европски средства


 Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и Несовесно работење во служба по член 353-в и против …

Финансиска полиција поднесе кривична пријава до ЈО против физички лица за злоупотреба на европски средства Read More »

Холандија ќе и испорача 18 авиони Ф-16 на Украина


Холандија ќе и испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската Влада. „Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина. Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори …

Холандија ќе и испорача 18 авиони Ф-16 на Украина Read More »

Во Гостивар промовирана услугата за помош и нега на немоќни лица


Здружението за обезбедување социјални услуги СОЦИО Гостивар по мотото „Услуга дома за достоинствен живот“ ја промовираше услугата помош и нега во домот. Од Здружението информираат дека со оваа услуга се обезбедува помош и нега на лица со привремено или трајно намален функционален капацитет. На ваков начин ќе им се овозможи да продолжат да живеат во …

Во Гостивар промовирана услугата за помош и нега на немоќни лица Read More »

Меџити: Здравствените установи по Нова година на испразнетите места ќе вработуваат со согласност од МЗ


Здравствените установи по Нова година на пензионираните и испразнети места, ќе можат да вработуваат нов кадар, со одговорност и согласност од Министерството за здравство. Согласности за вработувањата во здравство повеќе нема да добиваме од Министерството за финансии, потврди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Одговарајќи на прашања за здравствените работници со договор на дело, по …

Меџити: Здравствените установи по Нова година на испразнетите места ќе вработуваат со согласност од МЗ Read More »

Забрана за камиони на Стража – обилно врне снег


Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. АМСМ информира дека забарната почна во 15:00 часот.

Новогодишна бајка со богата музичка програма и достоинствена елка кај „Авионче“


Голем предновогодишен базар најави општина Аеродром, што ќе се одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авионче“. Програмата на фестивалот ќе почнува во 18 и ќе трае до 23 часот, а посетителите на настанот ќе може да уживаат во домашна музика, вкусна храна, вино и новогодишна магија. Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински, пред …

Новогодишна бајка со богата музичка програма и достоинствена елка кај „Авионче“ Read More »

ОЈО ги доби обдукциските наоди за Вања и Панче


 Основното јавно обвинителство информира дека во обвинителството пристигнале обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3 декември во околината на Скопје и Велес. Станува збор за наодите што се дел од истрагата која Основното јавно обвинителство Скопје ја води против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Ѓорчевска …

ОЈО ги доби обдукциските наоди за Вања и Панче Read More »

Собранието ја изгласа одлуката за избор на новиот состав на ДКСК


Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната собраниска седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски. Новата …

Собранието ја изгласа одлуката за избор на новиот состав на ДКСК Read More »

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје


Финансиската полиција, в понеделник, влегува во Град Скопје во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години. По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не …

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје Read More »

Институтот по белодробни заболувања кај децата „Козле“ прерасна во Универзитетска клиника


 По повод промената на дејноста, видот и називот на болницата за деца „Козле“ во Скопје, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети институцијата која со одлука на Владата прерасна во универзитетска клиника. Во обраќањето тој соопшти дека Владата на седница во октомври донесе одлука со која ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје …

Институтот по белодробни заболувања кај децата „Козле“ прерасна во Универзитетска клиника Read More »

Овие хормони прават да се чувствуваме среќни: Како да го стимулирате нивното лачење


Хормоните имаат големо влијание врз нашето секојдневие и на крајот на квалитетот на животот. Ендорфинот, серотонинот и допаминот се трите главни хормони кои водат до чувство на среќа и задоволство, а постојат неколку начини како да се поттикне нивното лачење. Фактори како правилна исхрана, физички активности и креативни хоби можат да влијаат на нивното лачење. …

Овие хормони прават да се чувствуваме среќни: Како да го стимулирате нивното лачење Read More »

Моќниот „Золтан“ ја погоди Германија: Се очекуваат ветрови со ураганскa силa


Федералната поморска и хидрографска агенција издаде предупредување за сериозно невреме во Хамбург, додека германската метеоролошка служба издаде предупредувања за тешки временски услови за брегот на Северното Море, Шлезвиг-Холштајн и Балтичкото Море. Многу поаѓања на меѓуградските и регионалните линии се откажани или прекинати, а на станиците се создава гужва. Националниот железнички оператор Дојче Бан соопшти дека …

Моќниот „Золтан“ ја погоди Германија: Се очекуваат ветрови со ураганскa силa Read More »

Елиф Елмас за 25 милиони евра се сели од Наполи во Лајпциг


Како што пренесува еден од најпознатите новинари во светот на фудбалот Фабрицио Романо, нашиот Елиф Елмас се сели во Лајпциг за сума од 25 милиони евра и ќе заработува 3 милиони евра годишно. Ова воедно е најскап трансфер направен од било кој македонски фудбалер воопшто. И претходниот рекорд го држеше Елмас кој за 16 милиони …

Елиф Елмас за 25 милиони евра се сели од Наполи во Лајпциг Read More »

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство на РСМ


Советот на јавни обвинители денеска ја избра обвинителката Соња Симовска од Државното јавно обвинителство за вршител на функцијата државен јавен обвинител. Како што образложи претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, која ја предложи Симовска, се работи за јавен обвинител со долгогодишно искуство во јавното обвинителство. „Соња Симовска е докажана како добар јавен обвинител …

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство на РСМ Read More »

Аутистичен хакер кој објави клипови од GTA 6 осуден на доживотен престој во болница со осигурување


Аутистичен 18-годишен хакер, кој објави клипови од претстојната игра Grand Theft Auto VI, е осуден на постојан престој во болница со осигурување. Станува збор за Арион Куртај од Оксфорд, кој е клучен член на меѓународната хакерска група Lapsus$. Нападите на технолошките гиганти како Uber, Nvidia и Rockstar Games им заработија на хакерите речиси 10 милиони долари. …

Аутистичен хакер кој објави клипови од GTA 6 осуден на доживотен престој во болница со осигурување Read More »

Однесле затвореник да си врши приватни работи – тој им избегал


Затворски заповедник и полицаец, однесле затвореник во објект во Струмица да заврши некои приватни работи, а тој им избегал. Имено на 04.12.2023 В.Т(41)., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С.(49) со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица. Иако знаел …

Однесле затвореник да си врши приватни работи – тој им избегал Read More »