Холандија ќе и испорача 18 авиони Ф-16 на Украина


Холандија ќе и испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската Влада.

„Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина. Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори за воена поддршка на Украина, соопшти привремениот премиер Марк Руте на платформата „Икс“.

Испораката на борбените авиони се уште чека извозна дозвола од холандското Министерство за надворешни работи и исполнување на критериумите за персонал и инфраструктура во Украина, додаде Руте, без да наведе временска рамка за овие одлуки.