Собранието ја изгласа одлуката за избор на новиот состав на ДКСК


Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната собраниска седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски.

Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари.

За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат кои на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од Комисијата за избор.