Стефановиќ: Вучиќ ја оддалечува Србија од ЕУ честитајќи му ја на Путин изборна победа


Потпретседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП) Борко Стефановиќ изјави дека честитката на претседателот на Србија Александар Вучиќ на изборната победа на Владимир Путин испраќа порака дека не му пречи што изборите во Русија се организирани во сенката на починатиот Алексеј Навални и војната во Украина и додаде да тоа покажува дека за него …

Стефановиќ: Вучиќ ја оддалечува Србија од ЕУ честитајќи му ја на Путин изборна победа Read More »

Заработил милијарди на јаглен. Сега гради фабрика за чиста енергија пет пати поголема од Париз


Пет пати поголема од Париз. Видлива од вселената. Најголемата електрана во светот. Произведува доволно електрична енергија за напојување на цела Швајцарија. Опсегот на проектот, кој преобразува делови од солена пустина на работ на западна Индија во еден од најважните извори на чиста енергија на планетата, е толку огромен што дури и сопственикот повеќе не може …

Заработил милијарди на јаглен. Сега гради фабрика за чиста енергија пет пати поголема од Париз Read More »

Свештеник во САД нарачал убиство на момчето на неговата ќерка


Полицијата во САД уапси двајца мажи за обид за убиство. Еден од нив е свештеникот од Викторвил, Самуел Пасиљас (47), кој наредил убиство на момчето на неговата ќерка. Пасиљас, наводно, им платил на убијците речиси 40.000 долари и им дал информации каде да ја најдат жртвата. 55-годишниот Хуан Мануел Себрерос и уште еден маж го …

Свештеник во САД нарачал убиство на момчето на неговата ќерка Read More »

Овој јуни можете да го посетите Хелсинки потполно бесплатно и да ја научите финската тајна на среќата! Еве како да се пријавите!


Според Светскиот извештај за среќа, Финска пет години по ред е рангирана како најсреќна земја во светот. Што ги прави Финците најсреќни на светот и дали можеме да научиме нешто од нив? Овој јуни имате можност да ги дознаете одговорите на овие прашања на лице место, во Хелсинки, потполно бесплатно. Финскиот туристички одбор и Хелсиншките …

Овој јуни можете да го посетите Хелсинки потполно бесплатно и да ја научите финската тајна на среќата! Еве како да се пријавите! Read More »

Во соседството отворена првата школа за овчари: Интересот е голем, а веќе се пријавиле и возрасни и деца


Кога им е доста од стрес, врева, гужви и асфалт, многумина често велат дека „ќе одат да пасат овците“. Сепак, статистички гледано, речиси никој не го прави тоа, пишува „Путни кофер“. Незаинтересираноста за традиционалното занимање со сточарството не е проблем само на нашите простори, туку со него се соочува целиот свет. Поради таа причина, неодамна …

Во соседството отворена првата школа за овчари: Интересот е голем, а веќе се пријавиле и возрасни и деца Read More »

Во Кавадарци се отвора Интервентен центар за привремено згрижување на лица во социјален ризик


Заврши реконструкцијата и пренамената на постојниот објект на улица „7 Септември“ во Кавадарци во Интервентен центар за привремено згрижување на лица во социјален ризик. Во рамките на овој интервентер центар има шест апартмани кои ќе бидат во функција за лица во социјален ризик, кои имаат потреба од времено сместување, како и жртви на семејно насилство. …

Во Кавадарци се отвора Интервентен центар за привремено згрижување на лица во социјален ризик Read More »

Штаб на Пендаровски: Собра ли потписи Силјановска, до ДИК достави потписи само од пратеници


  Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за претседател на државата, кој наместо потребните граѓански потписи до Државната изборна комисија со својата кандидатура достави потписи од пратеници, соопштија утрово од штабот на шефот на државата и кандидат за нов мандат за претседател, Стево Пендаровски. Во соопштението се вели: „Пред само две недели ВМРО-ДПМНЕ се …

Штаб на Пендаровски: Собра ли потписи Силјановска, до ДИК достави потписи само од пратеници Read More »

Во ДИК денеска ќе се потврдуваат кандидатурите за шеф на државата


Откако и официјално истече рокот за нивно доставување, Државната изборна комисија денеска треба да започне со проверка на кандидатите кои ги поднесоа кандидатурите за претседателските избори. Според роковникот, потоа најдоцна до 30 март треба да се спроведе и ждрепката за редоследот на кандидатите на гласачкотот ливче, а според пријавените кандидати ливчето на 24 април ќе …

Во ДИК денеска ќе се потврдуваат кандидатурите за шеф на државата Read More »

Уште едно обвинение за Мерко, сега за за несовесно работење


  Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на …

Уште едно обвинение за Мерко, сега за за несовесно работење Read More »

Во Трогир стариот камен на улиците е заменет со плочи


Улиците во стариот центар на Трогир во Хрватска добија нов изглед по санацијата на водоводниот и канализациониот систем и реконструкцијата на електричната мрежа. Центарот на градот е под заштита на УНЕСКО, а работите започнаа во октомври 2022 година. Работите се презедоа поради преоптоварување на цевките, кои веќе не можеа да го издржат притисокот, особено во …

Во Трогир стариот камен на улиците е заменет со плочи Read More »

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите


  Владата донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.   Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица …

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите Read More »

Светската метеоролошка организација: Ова е црвен аларм за светот


Минатата година беа срушени сите глобални климатски рекорди, предупреди Светската метеоролошка организација (СМО), изразувајќи особена загриженост поради затоплувањето на океаните и топењето на морскиот мраз. Во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима, СMO истакна дека просечните температури го достигнале највисокото ниво во последните 174 години мерење – 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. …

Светската метеоролошка организација: Ова е црвен аларм за светот Read More »

СЗО повика на вакцинација на децата против морбили


СЗО повика на вакцинација на децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници за време на пандемијата на Ковид-19, нагласувајќи дека болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји. Во изминатата година, сипаниците се појавија во повеќе од 50 земји, двојно повеќе отколку во 2022 година, рече на виртуелна прес-конференција Кејт О’Брајан, директорката …

СЗО повика на вакцинација на децата против морбили Read More »

Сунак свика состанок на Европската политичка заедница


 Британскиот премиер Риши Сунак ќе биде домаќин на европските лидери на состанокот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во близина на Оксфорд на 18 јули, соопшти денеска британската Влада. – Драго ми е што Обединетото Кралство ќе биде домаќин на следниот состанок на Европската политичка заедница во историската палата Бленхајм, рече Сунак во изјавата, …

Сунак свика состанок на Европската политичка заедница Read More »

Дел од Сопиште остана без вода поради дефект


Поради дефект на улицата „18“ без број во Сопиште, вечерва прекинато им е водоснабдувањето на корисниците од улиците „10“, „12“, „14“, „16“ и „18“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Корисниците немаат вода од 19:50 часот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато, како што појаснуваат од претпријатието, до санирање на дефектот.

ИДФ: Околу 300 осомничени терористи се приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека околу 300 осомничени терористи биле приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа во градот Газа. Според ИДФ, меѓу приведените има „неколку десетици истакнати терористи“ од Хамас и палестинскиот Исламски џихад, јави „Тајмс оф Израел“. Уапсените оперативци наводно се вклучени во управување со терористички напади на Западниот …

ИДФ: Околу 300 осомничени терористи се приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа Read More »

Тркало испаднало од автобус додека возел во Белград – усмртило жена


Бизарна несреќа се случила во Белград во близина на паркот Караѓорѓе, во која загина 69-годишна жена, а уште една жена е повредена. Телеграф објави дека жената била удрена од тркало кое испаднало од автобусот додека тој бил во движење.   Од Итната помош соопштија дека жената била притисната за оградата на Инфективната клиника. Другата жена …

Тркало испаднало од автобус додека возел во Белград – усмртило жена Read More »

Зајкова: Ќе бидам во Првата изборна единица, највисока цел е членството во ЕУ


Претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП) Моника Зајкова вечерва на отворањето на новиот штаб на партијата во Општина Центар, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека на претстојните избори ќе се натпреварува во Првата изборна единица, која ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Органите на ЛДП, како што посочи, ја утврдиле и листата на кандидати за …

Зајкова: Ќе бидам во Првата изборна единица, највисока цел е членството во ЕУ Read More »

Шефот на Ербас за Боинг: Не сум среќен што мојот конкурент има проблеми


„Европскиот производител на авиони Ербас не ужива во техничките проблеми на американскиот ривал Боинг бидејќи тие го нарушуваат имиџот на целата авионска индустрија“, рече главниот извршен директор Гијом Фори. „Не сум среќен што мојот конкурент има проблеми. Тие не се добри за индустријата како целина“, рече Фаури. „Во нашата индустрија квалитетот и безбедноста се врвни …

Шефот на Ербас за Боинг: Не сум среќен што мојот конкурент има проблеми Read More »

Обвинителите ќе го оспорат Законот за коефициентите на плата пред Уставен суд


 Советот на јавни обвинители денеска одлучи пред Уставниот суд да го оспори законското решение со кое се намалуваат коефициентите на платите на обвинителите. Советот смета дека намалувањето на коефициентите е неуставно и политички мотивирано и дека платите на обвинителите се заштитени со закон. Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска изјави дека финансиската независност …

Обвинителите ќе го оспорат Законот за коефициентите на плата пред Уставен суд Read More »