Однесле затвореник да си врши приватни работи – тој им избегал


Затворски заповедник и полицаец, однесле затвореник во објект во Струмица да заврши некои приватни работи, а тој им избегал.

Имено на 04.12.2023 В.Т(41)., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С.(49) со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица. Иако знаел дека ваквата наредба е незаконска тој не само што го однел лицето до деловниот објект каде што требал да ја изврши приватната обврска туку и го пушил сам додека овој го чекал надвор. Веднаш по напуштање на објектот осуденикот избегал.

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против двајцата затворски полицајци се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон.