Се зголемува цената на мазутот


Само цената на мазутот од полноќ се зголемува за 1 денар. Останатите цени на горивата остануваат со иста цена.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 18 декември 2023 година. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 23.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 денари/литар,

моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50,

дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00,

масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50

Мазут М-1 НС 41,937 денари/килограм.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,017 ден/кг и сега ќе изнесува 41,937 ден/кг. 

Од Регулаторната комисија информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,559%, кај дизелот за 5,356%, кај екстра лесното масло за 5,376% и кај мазутот зголемувањето е за 4,742%.