Елиф Елмас за 25 милиони евра се сели од Наполи во Лајпциг


Како што пренесува еден од најпознатите новинари во светот на фудбалот Фабрицио Романо, нашиот Елиф Елмас се сели во Лајпциг за сума од 25 милиони евра и ќе заработува 3 милиони евра годишно.

Ова воедно е најскап трансфер направен од било кој македонски фудбалер воопшто. И претходниот рекорд го држеше Елмас кој за 16 милиони евра дојде од Фенербахче на инсистирање на Карло Анчелоти. Но, по заминувањето на Анчелоти од клубот, посебно ова сезона македонскиот фудбалер неоправдано потценет речиси и да не добиваше вистинска шанса поради што сега се одлучи на промена на клубот.