Граѓаните кои наполнија 18 години и немаат никаков документ – ќе се фотографираат без термин


Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 8 до 15 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош. Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а …

Граѓаните кои наполнија 18 години и немаат никаков документ – ќе се фотографираат без термин Read More »

Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија


Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт и инфраструктура Матео Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во Долниот дом на италијанскиот Парламент, пренесоа светските агенции. Гласањето го донесе опозицијата и се однесуваше на врските на екстремно десничарската партија Лига на Салвини со Русија. Гласачите ја обвинија партијата на Салвини, која е дел од владината коалиција на премиерката …

Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија Read More »

Земјотрес во Јапонија


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија, јавува EMSC. Земјотресот е регистриран во 12:16 часот по локално време.  Потресот се почустувал во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.  Епицентарот на земјотресот бил лоциран на брегот на префектурата Фукушима, на околу 40 километри под земја.

Австриска полиција: Знаеме кој е на видеото од Виена, не е Данка


Австриската полиција рано утринава соопшти дека двегодишната Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во приградската населба Бањско поле, во близина на градот Бор во Србија, ја нема на видеото снимено во Виена, пренесува Телеграф. „Српски државјанин кој живее во Виена им пријавил на српските власти дека забележал мало дете во придружба на две возрасни жени …

Австриска полиција: Знаеме кој е на видеото од Виена, не е Данка Read More »

Аргентина отпушти 15.000 државни службеници


Аргентина вчера објави дека укинала 15 илјади работни места во државните институции како дел од агресивната кампања на новиот претседател Хавиер Милеи за намалување на јавната потрошувачка, а отпуштените службеници повторно упаднале на нивните работни места со тапани, барајќи да се укине одлуката. Портпаролот на претседателот, Мануел Адорни, на прес-конференција ги најави отпуштањата, опишувајќи ги …

Аргентина отпушти 15.000 државни службеници Read More »

Паднаа Инстаграм и Фејсбук, пораките на Ватсап не поминуваат


Корисниците на Instagram, WhatsApp и Facebook ширум светот известуваат дека овие социјални мрежи не функционираат. Некои медиуми јавуваат дека станува збор за проблеми во нивната матична компанија Мета. Техничките проблеми следеа по сличен голем дефект пред околу еден месец. Оваа недела, корисниците пријавија проблеми и на Инстаграм и неговата платформа за микроблогирање Threads. И на …

Паднаа Инстаграм и Фејсбук, пораките на Ватсап не поминуваат Read More »

Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден


Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите христијани заедно да го слават Велигден. Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар. – Го молиме Господа прославата на Велигден следната година на 20 …

Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден Read More »

Српската полиција копа околу куќата во која исчезна двегодишното девојче Данка


Полициски истражители почнаа да копаат околу куќата во Бањско Поле каде исчезна девојчето Данка Илиќ минатиот вторник. Како што пренесуваат српските медиуми, простор со радиус од околу 100 метри е ограден со жолта лента околу куќата. Во близина на куќата има голем број полициски истражители. Како што неофицијално дознава „Новости“, има и вештаци за судска …

Српската полиција копа околу куќата во која исчезна двегодишното девојче Данка Read More »

Полски навивач ќе пешачи 100 километри поради гол кој го постигна голман


Фудбалски навивач од Полска ќе мора да пешачи 100 километри во рок од три денови за да го исполни ветувањето дека пеш ќе стигне до стадионот на екипата чиј голман прв ќе постигне гол оваа сезона во полската Екстракласа. „Ако некој голман постигне гол до крајот на сезоната, лично ќе пешачам до стадионот на неговиот …

Полски навивач ќе пешачи 100 километри поради гол кој го постигна голман Read More »

Тома Фила за иницијатива на Шапиќ за преместувањето на посмртните останки на Јосип Броз Тито: Тоа не може да помине


Тома Фила, адвокат и функционер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), смета дека не може да помине иницијативата на Александар Шапиќ за преместување на посмртните останки на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во Кумровец, јави дописникот на МИА од Белград. -Прво Кумровец би требало да посака Броз да биде погребан таму. Освен тоа, …

Тома Фила за иницијатива на Шапиќ за преместувањето на посмртните останки на Јосип Броз Тито: Тоа не може да помине Read More »

Јакимовски пред почетокот на Конвенцијата на коалицијата Храбро за Македонија: Мојата кампања ќе оди во две насоки


Мојата кампања ќе оди во две насоки – реформа на Судскиот совет и Уставниот суд и втората развој на наменското производство, порача претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски пред почетокот на денешната Конвенција на коалицијата Храбро за Македонија. Тој нагласи дека мора во Судскиот совет и Уставниот суд да има истакнати судии и адвокати, како и универзитетски …

Јакимовски пред почетокот на Конвенцијата на коалицијата Храбро за Македонија: Мојата кампања ќе оди во две насоки Read More »

Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за 2 јуни ги распиша изборите за советници за градското собрание на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Ана Брнабиќ претходно денеска, по разговорите со опозицијата во собранието изјави дека нема можност за поместување на датумот на изборите за град Белград. -Моја законска и уставна обврска е …

Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни Read More »

Градоначалникот на Белград: Да го вратиме Тито во Кумровец од каде што дојде


Вршителот на должноста градоначалник на Белград Александар Шапиќ во средата на Инстаграм објави дека ќе покрене иницијатива за преселување на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во Белград во Кумровец во Хрватска, каде што е роден. „Да ставиме крај на оваа Куќа на цвеќето еднаш засекогаш и нека Јосип Броз се врати …

Градоначалникот на Белград: Да го вратиме Тито во Кумровец од каде што дојде Read More »

Авионот на Блинкен приземјен во Париз поради дефект, за Брисел отпатува со автомобил


Авионот со кој леташе американскиот државен секретар Ентони Блинкен мораше да слета во Париз поради механички дефект, па тој и американската делегација на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел отпатува со автомобил. На состанокот на шефовите на дипломатиите на Алијансата, што денеска почнува во Брисел, Блинкен замина со автомобил, објави портпаролот на Стејт департментот, …

Авионот на Блинкен приземјен во Париз поради дефект, за Брисел отпатува со автомобил Read More »

Ден по пукањето, лажни закани за бомби во училиштата во Финска


Училиштата во Финска добија лажни закани за бомби, изјави комесарот за криминал во округот Усима, Сами Хеикила, еден ден по пукањето во основно училиште во градот Ванта, во кое загина еден ученик. Тој изјавил дека информацијата стигнала до полицијата преку центрите за итни случаи и социјалните мрежи, пренесува финскиот јавен сервис YLE. Хеикила додаде дека …

Ден по пукањето, лажни закани за бомби во училиштата во Финска Read More »

Синот ја натепал мајката (70) во Аеродром


Седумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот син Д.Ј.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен.

Почнуваат митинзите – се затвораат улиците! Градовите блокирани


Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул.„Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до бул.„Климент …

Почнуваат митинзите – се затвораат улиците! Градовите блокирани Read More »

Мотивот за нападот во училиштето во Финска бил злоставување на осомничениот ученик


 Мотивот за пукањето во училиште во предградие на Хелсинки, во кое беше убиено 12-годишно момче, бил злоставување, објави денеска финската полиција. „При распитот осомничениот рече дека бил цел на злоставување, а оваа информација е потврдена и во полициската истрага“, соопштија од полицијата. Знамињата беа спуштени на половина копје ширум Финска поради смртта на 12-годишно момче …

Мотивот за нападот во училиштето во Финска бил злоставување на осомничениот ученик Read More »

Австрија бара помош од граѓаните: Објавени снимки од девојчето за кое се сомневаат дека е Данка од Србија


Виенската полиција денеска, по налог на јавниот обвинител на Австрија, побара објавување нови фотографии на кои се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ, како и две жени, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во полициското соопштение, потерницата е распишана бидејќи постои сомнеж за киднапирање на детето, а воедно се …

Австрија бара помош од граѓаните: Објавени снимки од девојчето за кое се сомневаат дека е Данка од Србија Read More »

Хансен става крај на кариерата по Игрите во Париз


 Данската ракометна ѕвезда и трикратен светски шампион Микел Хансен објави денеска дека ќе се пензионира „ова лето“ по Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август. „Ова лето е вистинско време да ги закачам моите патики на ѕид, сè додека сум целосно ангажиран во тоа што го работам“, изјави 36-годишната ракометна легенда на прес-конференција …

Хансен става крај на кариерата по Игрите во Париз Read More »