Јакимовски пред почетокот на Конвенцијата на коалицијата Храбро за Македонија: Мојата кампања ќе оди во две насоки


Фото: Б. Грданоски

Мојата кампања ќе оди во две насоки – реформа на Судскиот совет и Уставниот суд и втората развој на наменското производство, порача претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски пред почетокот на денешната Конвенција на коалицијата Храбро за Македонија.

Тој нагласи дека мора во Судскиот совет и Уставниот суд да има истакнати судии и адвокати, како и универзитетски професори а не стручни соработници.

– Република Македонија мора да се фокусира на наменската индустрија зошто глад за оружје нема само во Европа туку насекаде во светот, изјави Јакимовски. За таа намена како што кажа треба да се отвори посебна катедра за вооружување на Машинскиот факултет во Скопје.