Авионот на Блинкен приземјен во Париз поради дефект, за Брисел отпатува со автомобил


Авионот со кој леташе американскиот државен секретар Ентони Блинкен мораше да слета во Париз поради механички дефект, па тој и американската делегација на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел отпатува со автомобил.

На состанокот на шефовите на дипломатиите на Алијансата, што денеска почнува во Брисел, Блинкен замина со автомобил, објави портпаролот на Стејт департментот, пренесоа британските медиуми.

Блинкен имаше проблем со авионот и кога пристигна на годинашниот Светски економски форум во Давос, поради што мораше да остане во Швајцарија подолго од планираното.

По повод 75-годишнината од основањето на НАТО, денеска во Брисел почнува дводневна средба на министрите за надворешни работи на нејзините членки.