Тимоние: Претстојните месеци да се искористат за да може реформската агенда целосно да се спроведе


Одредени реформи се веќе спроведени, остануваат и други реформи што треба да се спроведат и навистина билансот е веќе направен. На почетокот на летово ќе има важни средби што ќе се одржат, но исто така и на почетокот на есента. Рано е да се прават анализи. Се наоѓаме во суштинскиот период за Европската Унија, впрочем исто …

Тимоние: Претстојните месеци да се искористат за да може реформската агенда целосно да се спроведе Read More »

Малините ги заменуваат земјоделските култури во Полошко


Се повеќе луѓето кои се занимаваат со земјоделство и сточарство во Полошкиот регион започнуваат со одгледување малини. Наместо нивите и имотите со луцерка, компири и слично, се засадува малина, која се смета за доходовна култура, а пласманот е претежно за странските земји. Со единствениот откупувачки центар ЛК „Распбери“ лоциран во тетовско Јанчиште сè повеќе земјоделци …

Малините ги заменуваат земјоделските култури во Полошко Read More »

Изминатава недела 70 граѓани заболеле со морбили


Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата на мали сипаници во земјава е 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца, информира денеска Министерството за здравство. -Родители ја препознаа важноста …

Изминатава недела 70 граѓани заболеле со морбили Read More »

Старт на Копа Америка со 100-та победа на Бразил


Со стота победа на Бразил во Копа Америка, што домаќините ја постигнаа на синоќешниот натпревар против Боливија со резултат 3-0, стартуваше годинешното фудбалско првенство на американскиот континент. Бразил иако доминираше во текот на целиот натпревар, сепак поради големиот отпор на Боливија, првиот гол успеа да го постигне дури во 50. минута, и тоа преку пенал …

Старт на Копа Америка со 100-та победа на Бразил Read More »

Во Скопско казнети 77 возачи за брзо возење


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје при што санкционира 77 возачи што ја пречекориле дозволената брзина (10 надвор од населено место и 67 во населено место). На прекршителите, …

Во Скопско казнети 77 возачи за брзо возење Read More »

За Задушница изменет сообраќаен режим


На сообраќајниците околу гробиштата во Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во периодот од 06 до 16 часот поради верскиот празник Задушница. Возилата кои ќе се движат кон гробиштата Бутел, ќе бидат упатувани по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата„Боца Иванова”, а ќе …

За Задушница изменет сообраќаен режим Read More »

Европол: ИД мобилизира се повеќе жени


Жените почнуваат да играат се поважна улога во џихадистичката организација Исламска држава, како во борбите, така и во терористичките напади во западните земји, соопшти Европската полициска агенција – Европол, предупредувајќи дека тоа може да има долгорочни последици за други џихадистички групи. Задачите на жените ги опфаќаат „медиумите, секторите за здравство и образование“ – сите одговорности …

Европол: ИД мобилизира се повеќе жени Read More »

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ


Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот. Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, …

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ Read More »

САД се фокусирани на постигнување консензус за нападите во Оманскиот Залив


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е фокусирана на создавање меѓународен консензус за нападите врз нафтените танкери на Блискиот Исток, за кои САД го обвинуваат Иран, изјави американскиот вршител на должност министер за одбрана Патрик Шенахан. – За мене и за советникот за национална безбедност Џон Болтон, како и за државниот секретар Мајк Помпео фокусот …

САД се фокусирани на постигнување консензус за нападите во Оманскиот Залив Read More »

Денеска е Задушница, утре Духовден


Христијаните денеска празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Духовден, пак, го означува слегувањето на …

Денеска е Задушница, утре Духовден Read More »

Времето денес сончево и топло со температура до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината …

Времето денес сончево и топло со температура до 36 степени Read More »

На булеварите се вози како на автопатишта: Возачот на смртта кај Пинтија имал 16 казни


Булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, порано познат како „Првомајска“ од тесна уличка, која беше синоним за скопските гужви, стана широк булевар со четири коловозни ленти. Сега возачите се растоварени, но големата брзина со којашто се вози зема се поголем број на жртви. Последната трагедија на булеварот се случи завчера вечерта околу 22 часот кога се …

На булеварите се вози како на автопатишта: Возачот на смртта кај Пинтија имал 16 казни Read More »

„Бомбите“ на Ел Чека ја заплеткаа Јанева


Специјалната јавна обвинителка излезе со нова верзија за „бомбите“ што ги објавува кичевецот „Ел Чека“ кој живее во САД. Иако во првичната изјава пред една недела тврдеше дека дел од „бомбите“ ги има во Специјалното јавно обвинителство и дека се истражуваат, вчера ја промени верзијата. Сега тврди дека разговорите кои ги објавува „Ел Чека“ ги …

„Бомбите“ на Ел Чека ја заплеткаа Јанева Read More »

Поскромно со скромноста претседателе


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Еден симпатичен гест, од  „политичко-транспортна“ природа, за првото службено патување на новиот претседател на државата Стево Пендаровски деновиве успеа да го пренасочи фокусот на јавноста од  неизвесноста што наеднаш завладеа околу добивањето датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Токму таа неизвесност околу следната фаза на евроинтеграцискиот процес беше  главната причина …

Поскромно со скромноста претседателе Read More »

Од Димовски се чека да расчисти со „наследството“ од Мијалков


По точно една деценија, Виктор Димовски (60) се враќа во безбедносно-разузнавачкиот сектор – овој пат како прв директор на новата Агенција за безбедност. Од вторникот, досегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи е засега единствен вработен во Агенцијата која законски е во функција од 1 јуни годинава, а со чие конституирање заминува во историја …

Од Димовски се чека да расчисти со „наследството“ од Мијалков Read More »

Системот ќе функционира кога ќе се апсат судии


Ниту еден судија или обвинител не се препознава во сè почестите изјави на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во телевизиска емисија пак „распали“ по судиите и обвинителите оти не извлекле поука од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Според Спасовски, системот не функционера поради што бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, …

Системот ќе функционира кога ќе се апсат судии Read More »

Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството


По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денеска портпаролот на Владата на Северна Македонија, Муамет Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството. – Се надеваме …

Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството Read More »

Најдолговечниот премиер веќе не е ни пратеник


Со констатирање на две пратенички оставки, а потоа и пауза од неколку часа, почна вчерашната собраниска седница. Првата оставка е на поранешниот премиер, сега азилант во Будимпешта Никола Груевски, кој подолго од една деценија неприкосновено владееше во земјава, како што и речиси 15 години беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Втората оставка е на Павле Богоевски, …

Најдолговечниот премиер веќе не е ни пратеник Read More »

И натаму се чека на новиот систем за затоплување на Гинекологија Чаир?


Министерството за здравство сè уште не го објави тендерот за промена на системот на затоплување во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Тој требаше да биде објавен на средината од минатиот месец земајќи ја предвид последната изјава на министерот за здравство Венко Филипче, кој порача дека Министерството само ги чека неопходните …

И натаму се чека на новиот систем за затоплување на Гинекологија Чаир? Read More »

Мијалков со своја приказна: Некој го прислушувал дури и началникот


Кога за прв пат во јавноста одекнаа „бомбите“ на опозицијата, тогашниот премиер Никола Груевски излезе на прес конференција и тврдеше дека „бомбите“ се дело на странски служби, односно дека се снимало со жолто комбе. Ова тврдење на Груевски вчера воскресна во Кривичниот суд додека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков се …

Мијалков со своја приказна: Некој го прислушувал дури и началникот Read More »