Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството
– Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави, рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.