Бектеши: Се прават анализи дали ќе има контра мерки за царините од Косово


Вовоедувањето на 30-отстотна царина за увоз на земјоделски производи во Косово не значи трговска војна меѓу Македонија и Косово, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Мерката не е насочена против Македонија и се однесува на сите држави во светот кои извезуваат земјоделски производи во Косово. Имајќи ги предвид сите меѓународни договори имаме обврска …

Бектеши: Се прават анализи дали ќе има контра мерки за царините од Косово Read More »

Тарифата во роаминг не ја знаат третина од корисниците


Речиси една третина (29 проценти) од корисниците на роаминг од Македонија не ја знаат тарифата кога ја користат услугата, покажува последното истражување на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Во последните 12 месеци 18 проценти од населението користело роаминг. Мал дел од испитаниците (17 проценти) што знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг …

Тарифата во роаминг не ја знаат третина од корисниците Read More »

Дигиталните часовници во Европа повторно доцнат


Дигиталните часовиници во Европа кои се синхронизираат преку фреквенцијата на електроенергетската мрежа повторно доцнат, јави Дојче веле. Часовниците во Европа доцнеа и на почеткот на годинава, а и тогаш, како и сега, причина за ваквата појава е спорот меѓу Србија и Косово околу електродистрибутивните системи. Поради овој проблем европските оператори во март активираа специјална програма …

Дигиталните часовници во Европа повторно доцнат Read More »

Дуа Липа со концерт во Приштина


Популарната поп-пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа заедно со нејзиниот татко Дукаѓин Липа организираат тридневен фестивал што ќе се одржи во Гермиа паркот во Приштина. Фестивалот „Sunny Hill“ ќе се одржи од 10 до 12 август, а се очекува да се најави уште едно светско музичко име, кое сè уште се чува во тајност. …

Дуа Липа со концерт во Приштина Read More »

Пронајдени исчезнатите сестри од Пробиштип


Полицијата ноќеска, во два часот, во центарот на Крушево ги пронајде двете исчезнати лица од Пробиштип, Н.Т.(19) и нејзината 16-годишна сестра. Како што информира МВР, полициски службеници при проверка на идентитет ги откриле исчезнатите. Девојчињата на 16 јули беа пријавени за исчезнати од нивиот татко, М.Т.(55) од Пробиштип. Таткото пријавил дека неговите деца на 14 …

Пронајдени исчезнатите сестри од Пробиштип Read More »

Тешко повреден пешак во Скопје, возачот го напуштил местото


Седумдесет и двегодишната скопјанка М.А. вчера се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа откако патничко моторно возило „Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, удрило во неа, а по незгодата го напуштило местото на настанот. Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 10:55 часот во Секторот за внатрешни работи …

Тешко повреден пешак во Скопје, возачот го напуштил местото Read More »

Објавен „Речник на хомонимите меѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу


Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје ја објави лексикографската публикација „Речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу од Истанбул. Ова е прв научен и лексикографски труд и прва публикација за хомонимите меѓу овие два јазика. Речникот е адаптирана верзија за печатење на исто­имената магистерска теза која беше одбранета во …

Објавен „Речник на хомонимите меѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу Read More »

Македонскиот филм „Џган“ прикажан на престижниот фестивал во Пула


Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, а продуциран од Огнен Антов, беше прикажан на еден од најголемите и најпрестижните фестивали во регионот, филмскиот фестивал во Пула, Хрватска. На 60. издание на фестивалот филмот во прекрасната Пулска Арена беше прикажан во секцијата ЏГАН како единствен селектиран филм од целиот регион, …

Македонскиот филм „Џган“ прикажан на престижниот фестивал во Пула Read More »

Српски ковчези за наши мртовци


Домашните производители на ковчези за закоп негодуваат поради нееднаквата положба со увозниците на погребна опрема. Нивното производство е поскапо затоа што е оптоварено со данок на додадена вредност, но за увозот на сандаци законодавецот предвидел ослободување од ДДВ. „Во Македонија се увезуваат голем дел од ковчезите. Српскиот пазар е многу евтин, зашто има евтино дрво. …

Српски ковчези за наши мртовци Read More »

По посетата на Хан: Почна да се расплеткува референдумскиот јазол


Вчерашната посета на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Скопје не само што го означи стартот на скрининг-процесот на Македонија пред почетокот на преговорите за членство, туку значеше и почеток на подготовките за претстојниот референдум за името преку надминување на блокадата што на тој пат ја постави опозицијата. Само половина час откако Хан го заврши …

По посетата на Хан: Почна да се расплеткува референдумскиот јазол Read More »

Владата може да го повлече Законикот ако ВМРО-ДПМНЕ ја деблокира ДИК


Има расположение кај владата да ги повлече од собраниска процедура измените во Изборниот законик што ги поднесе денеска, доколку ВМРО-ДПМНЕ се согласи да го деблокира изборот на ДИК според важечката регулатива што беше донесена пред околу два месеци, најавуваат владини извори. Од утрешната лидерска средба најмногу зависи дали ќе продолжи процедурата за донесување на законските …

Владата може да го повлече Законикот ако ВМРО-ДПМНЕ ја деблокира ДИК Read More »

Позорникарите наместо во маалата, го бранат Собранието


Маалските полицајци наместо да функционираат како позорна служба по маалата, тие секојдневно го бранат Собранието, предупредува Независниот полициски синдикат. Полицајците бараат итна промена на воведеното ново седумчасовно работно време за униформираната полиција бидејќи ваквиот начин на работа, според нив, се покажал како непродуктивен, незаконски и штетен како за полицајците, така и за граѓаните. „Новата реформа …

Позорникарите наместо во маалата, го бранат Собранието Read More »

Џафери: Собранието нема да биде заробеник на политичките партии


Собранието на Република Македонија  попладнево со 62 гласа „за“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик што се однесуваат на изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК). Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара точката да биде тргната од дневен ред што не беше изгласано од владејачкото мнозинство, кое со …

Џафери: Собранието нема да биде заробеник на политичките партии Read More »

Нужна е потребата од персонални и образовни асистенти во училиштата


Повеќе од нужна е потребата во училиштата да се вработат образовни и персонални асистенти, стручни лица кои ќе можат секојдневно да работат со децата што имаат телесен инвалидитет или интелектуална попреченост. Во дел од основите и од средните училишта има, ама тие не можат да ги опслужат сите дечиња што имаат попреченост. Синот на Горан …

Нужна е потребата од персонални и образовни асистенти во училиштата Read More »

(ВИДЕО) Шкотските фанови на Стивен Џерард со разнежнети песни го бодрат во Скопје


Шкотските навивачи кои неколку дена престојуваат во Скопје, вчеравечер се загреваа за денешниот натпревар Глазгов Ренџерс – Шкупи. Со многу пиво и песна тие се забавуваа до доцните утрински часови. Покрај навивачките песни за нивниот тим, тие пееја и поп-песни од женската група „Атомик Китен“. Rangers fans unveiling their Atomic Kitten cover in Macedonia tonight …

(ВИДЕО) Шкотските фанови на Стивен Џерард со разнежнети песни го бодрат во Скопје Read More »

Со измените во законикот се заобиколува Комисијата на Димовски


Со измените во Изборниот законик што ги предлага владата, како што дознаваме, се брише ставот три во членот 27 според кој селекцијата на кандидатите за членови на ДИК ја прави Комисијата за избори и именувања. И покрај истечените рокови, оваа Комисија не се состана досега за да направи селекција од 41 кандидат колку што се …

Со измените во законикот се заобиколува Комисијата на Димовски Read More »

Новиот состав на ДИК ќе се избира со европско знаме


Со европско знаме, како што дознава „Независен весник“, се обележани измените на Изборниот законик што владата ги доставила претпладнево во парламентот. Тоа значи дека законските измени најверојатно ќе се разгледуваат во Комисијата за европски прашања, што ја предводи Артан Груби од ДУИ и каде што расправата би траела максимум два дена, со оглед на тоа …

Новиот состав на ДИК ќе се избира со европско знаме Read More »

Османи: Ова е време на одлуки со големо „О“


Ова е време на одлуки со големо „О“. За Македонија ЕУ и НАТО интеграцијата е точката која не поврзува во земјата и пред нас имаме една година за да докажеме дека го заслужуваме членството, порача вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ Бујар Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции. – Ова е време …

Османи: Ова е време на одлуки со големо „О“ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ се противи на измените на Изборниот законик


На почетокот на 53. седница на Собранието на Република Македонија е објавена едночасовна пауза на барање од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев кој реагираше на дополнувањето на дневниот ред со измени на Изборниот законик. Данев рече дека веднаш откако еврокомесарот Јоханес Хан излегол од собраниската седница „била подметната измена на Изборниот законик“, …

ВМРО-ДПМНЕ се противи на измените на Изборниот законик Read More »

ДИК ќе се деблокира со законски измени


Владата доставила денеска до парламентот измени во Изборниот законик со цел да се деблокира изборот на Државната изборна комисија. Измените треба да бидат усвоени по скратена постапка, а целата, според првичните информации е членовите на ДИК наместо со двотретинско мнозинство, да се избираат со апсолутно односно со 61 глас. Нема уште информации дали останува истиот …

ДИК ќе се деблокира со законски измени Read More »