Дуа Липа со концерт во Приштина


Популарната поп-пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа заедно со нејзиниот татко Дукаѓин Липа организираат тридневен фестивал што ќе се одржи во Гермиа паркот во Приштина.

Фестивалот „Sunny Hill“ ќе се одржи од 10 до 12 август, а се очекува да се најави уште едно светско музичко име, кое сè уште се чува во тајност.

Дуа Липа е родена во 1995 година во Лондон.

Нејзината музичка кариера започнала на 14-годишна возраст, кога таа почнала да препејува песни од други уметници на YouTube.

Во 2015 година, таа потпиша со „Warner Music Group“ и набрзо потоа ја издаде својата прва песна. Во декември 2016 година, документарен филм за Липа беше нарачан од списанието „The Fader“, насловен како „Види во сино“.

Нејзиниот прв студиски албум насловен „Дуа Липа“ беше издаден на 2 јуни 2017 година. Од албумот беа издадени седум песни, меѓу кои и песните „Be The One“ и „IDGAF“ кои се најдоа во првите 10 на британската топ-листа и песната „New Rules“, која се искачи на врвот на листата.

Во 2018 година, Липа ги доби две награди на доделувањето на британските музички награди, и тоа за најдобра британска соло изведувачка и најдобра нова британска пејачка.