ДИК ќе се деблокира со законски измени


Владата доставила денеска до парламентот измени во Изборниот законик со цел да се деблокира изборот на Државната изборна комисија.

Измените треба да бидат усвоени по скратена постапка, а целата, според првичните информации е членовите на ДИК наместо со двотретинско мнозинство, да се избираат со апсолутно односно со 61 глас.

Нема уште информации дали останува истиот модел на ДИК што го усогласи СДСМ со опозициијата, а според кој ВМРО-ДОМНЕ треба да предложи претседател и уште еден член на комисијата.

Целта е да се деблокира изборот на ДИК за да може да почнат подготовките за референдумот.

Засега нема реакција од ВМРО-ДПМНЕ која изборот на ДИК го условува со Закон за финансирање на политички партии и техничка влада.

А.М.М.