Тинејџер загина, над 200 повредени на протестот помеѓу Израел и Појасот Газа


Еден палестински тинејџер е убиен, а повеќе од 200 лица се повредени, од кои 46 имаат рани од огнено оружје, при денешното одбележување на една година од почетокот на протестите поради израелската и египетската блокада. На денешните протести учествуваа десетици илјади Палестинци на границата помеѓу Појасот Газа и Израел, а организаторите најавија дека ќе продолжат …

Тинејџер загина, над 200 повредени на протестот помеѓу Израел и Појасот Газа Read More »

Гол и црвен картон за Несторовски


Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски го постигна единствениот гол за Палермо во денешното реми на гости со Козенца. За Несторовски ова беше 10.гол оваа сезона. Сепак, Македонецот нема многу причини за славење, бидејќи во самиот финиш на мечот доби два жолти картона, по вториот автоматски доби црвен и беше исклучен. Палермо по 28 натпревари е …

Гол и црвен картон за Несторовски Read More »

Потпелистерието гори пред секои избори


Десетици помали и поголеми пожари секојдневно се регистрираат во Битолскиот Регион, а покрај запалени стрништа во нивите горат и шуми во Потпелистерието. Територијалната противпожарна единица на ден има од пет до 10 интервенции, а поголемиот дел од нив, велат, се пожари на отворено, додека останатите на објекти. Неделава, за само пет часа во еден ден …

Потпелистерието гори пред секои избори Read More »

Пожарите не стивнуваат, зафатена пругата кај Драчево


Повеќе пожари се активни во Скопско, Битолско, Преспа, Тетовско, Охридско, Македонски Брод, Велешко, Штипско и Кумановско. Главно се зафатени шумски појаси и суви треви, но пожарот кај Фабриката за тури „Типо“ во Драчево ја зафатил и пругата, а оштетени се и пет столба на ЕВН кај Желино, за кој е побарано интервенција на канадерите за …

Пожарите не стивнуваат, зафатена пругата кај Драчево Read More »

ДПА ќе го поддржи Пендаровски и покрај пресудата за Тачи


Демократската партија на Албанците нема да ја повлече својата поддршка за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на претстојните избори и покрај осудителната пресуда што за мене е неправда и нема никава врска со правдата. Ова го изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи пред почетокот на денешната седница на Централното претседателство што во проширен состав со присуство …

ДПА ќе го поддржи Пендаровски и покрај пресудата за Тачи Read More »

Договорени четири ТВ дуели Силјановска-Пендаровски, првиот на Телма


Четири ТВ дуели ќе имаат претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски за време на кампањата за претстојните претседателски избори, која почнува в понеделник. Ова го изјави вчера генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој го предводи изборниот штаб на Пендаровски, кој заедно со шефот на изборниот штаб на Силјановска, …

Договорени четири ТВ дуели Силјановска-Пендаровски, првиот на Телма Read More »

Манчевски и Поповски од Атина: Најголемо оружје против лажните вести е вистината


Во периодот од 1 април 2018 до 15 март 2019 година во земјава се објавени вкупно 35.261 написи на македонски јазик и 13.995 на албански јазик. Анализите покажуваат дека во просек десет отсто од овие написи може да се вбројат во информации чија цел не е информирање на јавноста, односно имаа за цел да презентираат …

Манчевски и Поповски од Атина: Најголемо оружје против лажните вести е вистината Read More »

М-НАВ „лета“ по свои правила: Земаат илјадници евра, а не доаѓаат на работа


Вработени во М-НАВ земаат плата, а не доаѓаат редовно на работа, велат извори од државното АД кое дава услуги во воздухопловна навигација. Појавата не е нова, а во Компанијата се говори дека има различни забошотувачи, па дури и такви кои во М-НАВ се појавуваат само за да земат боледување. „Независен весник“ побара официјално појаснување за …

М-НАВ „лета“ по свои правила: Земаат илјадници евра, а не доаѓаат на работа Read More »

Предизборно разрешен директор во М-НАВ, по налог на влада


Во М-НАВ се случуваат промени во органите на управување во време по распишани претседателски избори. Во вторникот бил разрешен еден од тројцата членови на управниот одбор. Претседателот на надзорниот одбор вели дека одлуката за разрешување ја донеле по насоките што ги добиле од Владата. „Ние постапивме по инструкции од Владата, добивме насоки како да постапиме, …

Предизборно разрешен директор во М-НАВ, по налог на влада Read More »

Два концерта во Скопје на „Хуверфоник“


Белгискиот трип-хоп бенд „Хуверфоник“ вечерва и утре ќе одржи два концерта во Македонската филхармонија во Скопје. Како што соопшти организаторот „Авалон продукција“, концертите ќе се одржуваат во салата која е единствена адекватна кај нас за музиката на овој бенд. „Хуверфоник“ e белгиски бенд основан во 1995 година кој зад себе има осум студиски албуми, како …

Два концерта во Скопје на „Хуверфоник“ Read More »

Посебните училишта ќе се трансформираат во ресурсни центри


Вкупно 795 ученици со попреченост се вклучени во редовниот образовен процес, што е двојно повеќе од пред четири години кога тој број изнесувал 471. Од друга страна, пак, се намалува бројот на ученици во посебни основни училишта, па ако во учебната 2015/16 имало 431, во 2017/2018 запишани биле 411 ученици. Министерот за образование и наука, Арбер …

Посебните училишта ќе се трансформираат во ресурсни центри Read More »

Судирот со Синдикатот и Интеруниверзитетска конференција ќе го решава Адеми


Секторот за високо образование при Министерството за образование и наука ги разгледува забелешките на Независниот академски синдикат кој обвини за неправилности во работењето на ова тело и го повикаа министерот Арбер Адеми веднаш да ја поништи одлуката за избор на членови на Националниот совет, Одборот за акредитација и Одборот за евалуација. Побараа да се конституира …

Судирот со Синдикатот и Интеруниверзитетска конференција ќе го решава Адеми Read More »

Zaev me apel për bankat ta zvogëlojnë interesin dhe provizionet, të lejojnë më shumë kredi


Kryeministri Zoran Zaev u bëri thirrje bankave të ndërmarrin vendime më të guximshme dhe të kontribuojnë  më shumë për përkrahje të ekonomisë dhe zhvillimit të tërësishëm. Të ndërmarrin hapa më të guximshëm edhe në pjesën e  rënies së interesit, zvogëlimin e provizioneve dhe fleksibilitetin  në miratimin e kredive. “Fuqishëm e përshëndetëm  zvogëlimin e fundit të  …

Zaev me apel për bankat ta zvogëlojnë interesin dhe provizionet, të lejojnë më shumë kredi Read More »

Нов протест на албанската опозиција


Со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша и пеење на албанската национална химна пред партиското седиште, попладнево заврши денешниот седми по ред протест на обединетата албанска опозиција. Во својот говор пред насобраните приврзаници на опозицијата, Баша порача дека нема ниту избори со албанскиот премиер Еди Рама, ниту пакт со „балканскиот Мадуро“ и им …

Нов протест на албанската опозиција Read More »

Рама: Нема компромис, локални избори ќе има со или без опозицијата


Албанскиот премиер Еди Рама денеска од говорницата на Парламентот во Тирана и порача на опозицијата дека компромис нема да има и оти со или без неа во Албанија ќе се одржат локалните избори. Тој додаде дека евентуалното неучество на Демократската партија и на Социјалистичкото движење за интеграција на локалните избори предвидени за 30 јуни, ќе …

Рама: Нема компромис, локални избори ќе има со или без опозицијата Read More »

УПОЗ реагира што за возила за Судскиот совет и судовите ќе се потрошат 250 илјади евра


Синдикатот на УПОЗ денеска реагираше што ќе се набават нови возила за Судскиот совет и за судовите, а не се исполнуваат барањата за зголемување на платите на судските службеници, за додатоци на плата и за регрес за годишен одмор. – Претседателот на судскиот совет пред неколку денови објави дека Судскиот совет ќе набави две возила, …

УПОЗ реагира што за возила за Судскиот совет и судовите ќе се потрошат 250 илјади евра Read More »

Мијалков излегува од Шутка


Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков заминува од затворот во Шутка, откако Апелацискиот суд му ја промени мерката за обезбедување и наместо затворски притвор му одреди куќен притвор. Исто така куќен притвор му е определен и на поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими. На двајцата обвинети им беше определен притвор по изрекувањето на пресудата …

Мијалков излегува од Шутка Read More »

Како и колку се полнел џебот на „сваровски-судиите“?


Кому, колку и на кој начин му се здебелил џебот во името на правото и правдата? „Сваровски-судиите“ од вчера се на тапет на Државната комисија за спречување на корупцијата, која по сопствена иницијатива отвори предмет за злоупотреби и коруптивни дејствија. Ќе се испитува имотната состојба на поранешниот прв човек на Кривичниот суд Владимир Панчевски, на …

Како и колку се полнел џебот на „сваровски-судиите“? Read More »

Васил Хаџиманов – почесен доктор на науки на Штипскиот универзитет


Познатиот музичар Васил Хаџиманов во рамки на одбележувањето 12 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип доби признание почесен доктор на науки на оваа високообразовна установа каде што долго време е визитинг професор. Тој се заблагодари за признанието, кое му го врачи ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев. -Ова е голема чест и одговорност …

Васил Хаџиманов – почесен доктор на науки на Штипскиот универзитет Read More »

Осудениот за ќебапите примал пари од Шведска и имал бугарски пасош


Велешанецот Петре Караманов, кој беше осуден на три години затвор за кражбата на ќебапи во Велес, освен македонско имал и бугарско државјанство, а како што објави „Независен весник“, иако сите го спомнуваат во Македонија, речиси две години е во бегство и по него е распишана меѓунардона потерница. Според информациите што може да се најдат во …

Осудениот за ќебапите примал пари од Шведска и имал бугарски пасош Read More »