Предизборно разрешен директор во М-НАВ, по налог на влада

Во М-НАВ се случуваат промени во органите на управување во време по распишани претседателски избори. Во вторникот бил разрешен еден од тројцата членови на управниот одбор.

Претседателот на надзорниот одбор вели дека одлуката за разрешување ја донеле по насоките што ги добиле од Владата.

„Ние постапивме по инструкции од Владата, добивме насоки како да постапиме, а Владата може вонредно да реагира иако се веќе распишани избори. Разрешувањето не беше по наша иницијатива. Добивме написмено од Влада“, ни изјави претседателот на надзорниот одбор Никола Бајалџиев.

Тој не знаеше што е причината за ургентноста токму сега да се направи разрешувањето.

Изборите беа распишани на 8 февруари. Разрешувањата во овој период се регулирани со Изборниот законик и антикорупциската регулатива.

 

(А.С.)