Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден


Посебен сообраќаен режим за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје и општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен викендов на 27 и 28 април по повод празникот Велигден. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре од 18 часот, па се до завршувањето на настаните во врска со празникот, во центарот …

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден Read More »

Интервју со Христијан Мицкоски: Убеден сум, ќе има цензус


Тврдите дека нема да одите на бојкот во вториот круг, а по тесната разлика со СДСМ, веројатно, немате ни причина за тоа. Ама, како ќе се справите со бојкотирачите во своите редови кои отворено повикуваа на апстиненција уште во првиот круг? Ќе ги исклучувате ли и нив од партијата, како што ги исклучивте или разрешивте …

Интервју со Христијан Мицкоски: Убеден сум, ќе има цензус Read More »

Денеска е Велики петок – најтешкиот ден во христијанската религија


Денеска е Велики Петок – најтешкиот ден во христијанската религија. Тоа е денот на Христовите страданија, денот кога Исус Христос бил распнат на крст, за да ги искупи гревовите на човештвото. На овој ден од Страсната седмица, Божјиот син е погребан во камен саркофаг во пештера, пред која се поставува огромен камен. За овој ден …

Денеска е Велики петок – најтешкиот ден во христијанската религија Read More »

Велигденска порака од поглаварот на МПЦ: Да најдеме начин за меѓусебно помирувањe


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден. – Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето… Се исполнило …

Велигденска порака од поглаварот на МПЦ: Да најдеме начин за меѓусебно помирувањe Read More »

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен


Денарот е стабилен, а монетарната стратегија на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото е оптимална за нашата економија и компатибилна со нејзините структурни карактеристики, оценува во изјава за МИА, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска по повод 27 години монетарна самостојност и воведување на денарот. -И денес, на денот кога пред дваесет …

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен Read More »

Колони од возила на граничниот премин „Богородица“


Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија  од утрово е зголемена поради продолжениот викенд, поради прославата на велигденските празници. За излез од земјава се чека од 15 до 25 минути, велат од дежурната служба на граничната полиција. -Во моментот има гужва од возила и автобуси, особено на излез од земјата каде концентрацијата на сообраќајот …

Колони од возила на граничниот премин „Богородица“ Read More »

Фенербахче се пласира на Ф4 во Евролигата


Фенербахче е втората екипа која обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор во кошаркарската Евролига. Во четвртиот натпревар од серијата, тимот од Истанбул славеше на гости кај Жалгирис со 82:99. Противник на Фенербахче во полуфиналето ќе биде подобриот тим од дуелот меѓу Анадолу Ефес и Барселона, во кој турскиот тим има предност од 2:1 во победи.  

Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед


Екипата на Вардар го совладат ПИК Сегед со 31-23 (14-12) во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони и со тоа си обезбеди добра предност пред реваншот во Унгарија. Тимот на Роберто Гарсија Парондо беше инспириран од неверојатната атмосфера која ја направија македонските навивачи во преполната „Јане Сандански“, играа креативно во нападот и покажаа агресивност во …

Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед Read More »

Француската крајна десница води на анкетите за претстојните европски избори


Еден месец пред европските избори листата на Националниот Собир (РН) поранешниот Национален фронт е во водство пред Република во движење (ЛаРем) – партијата на претседателот Емануел Макрон, покажуваат резултатите од анкетата на „Опинион Веј-Тилдер“ изработена за весникот „Екхо“, јави дописникот на МИА. „За“ листата предводена од Жордан Бардела се изјасниле 24 отсто од испитаниците, што …

Француската крајна десница води на анкетите за претстојните европски избори Read More »

Втор извештај на АВМУ за известувањето во изборната кампања


Националните медиуми  во тек на изборната кампања од 10 до 19 април, како и во претхорниот период, повеќе се концентрирале на активностите на претседателските кандидати, а ретко која од регионалните и локалните телевизии во вестите посветила позначајно време за изборите генерално и обично се концентрирале на локалните избори. Тоа го покажува вториот извештај на Агенцијата …

Втор извештај на АВМУ за известувањето во изборната кампања Read More »

Убиство во Рашче: Пукано од џип со бугарски таблички


Едно лице е убиено во пукање што се случило попладнево во скопското село Рашче. Според првичните информации убиен е постар маж, а медиумите пренсуваат дека кон него било пукано од џип во движење со бугарски регистерски таблички. Министерството за внатрешни работи потврди дека е убиен маж во Рашче, а дополнителни информации најавуваат за подоцна.

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“


Министерството за култура денеска соопшти дека се распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за годинава. Конкурсите ќе бидат отворени од 1 до 31 мај 2019 година. Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на …

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ Read More »

Четири нови лица со морбили примени на болничко лекување изминатите 24 часа


Од прегледани 10 пациенти со клинична слика на морбили во изминатите 24 часа, вкупно четири се примени на болничко лекување. Хоспитализирани се осумгодишен вакциниран ученик од село Илинден од Скопје, невакцинирано едногодишно дете од Чаир, невакциниран 45-годишник од Студеничани и невакцинирано осуммесечно дете од Студеничани. Ова денеска го изјави доктор Владимир Микиќ, претставник од Комисијата …

Четири нови лица со морбили примени на болничко лекување изминатите 24 часа Read More »

Персоналецот со раст од 12 отсто, но не поради прогресивното оданочување


Раст од над 12 проценти бележи собирањето персоналец во првиот квартал од годинава. Податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека од јануари до март годинава биле собрани околу 4 милијарди денари наспроти 3,6 милијарди денари лани. Првиот квартал од годинава има раст и на приходите од данок на добивка, од 7,9 отсто а раст …

Персоналецот со раст од 12 отсто, но не поради прогресивното оданочување Read More »

Првиот самит Путин-Ким мина во „темелна и конструктивна“ атмосфера


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток бил темелен. Како што нагласи Путин, со Ким разговарале за билатералните односи, актуелната состојба и перспективите на нивниот развој. – Разговаравме за состојбата на Корејскиот Полуостров и разменивме мислења за мерките што треба да се преземат за …

Првиот самит Путин-Ким мина во „темелна и конструктивна“ атмосфера Read More »

Во вторник ќе се расчисти кој треба да плаќа паушал за парно


Кој треба, а кој не треба да плаќа паушал за парно греење сè уште е нејасно, цел месец по носењето на новата регулатива. Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) ги изготви новите правила за снабдување со топлинска енергија, според кои граѓаните треба да докажат дека исполнуваат услови за ослободување од паушалот за парно пред БЕГ, компанијата …

Во вторник ќе се расчисти кој треба да плаќа паушал за парно Read More »

Од утре до понеделник бесплатно паркирање во Центар


По повод претстојните Велигденски празници од утре, петок, до 29 април, понеделник, паркинзите со кои стопанисува ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 30.04.2019 година, вторник, со вообичаено работно време.

Киро Здравев едногласно избран за претседател на Судски совет


Киро Здравев едногласно е избран за нов претседател на судскиот совет. За него гласаа 12 членови на советот освен судијката Гордана Спиреска која беше отсутна на гласањето. На гласањето дојде и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски кој исто така учествуваше во гласањето.

Фалат антибиотици и лекови за хронично болните


Пред крајот на месецот во аптеките граѓаните не можат да ги најдат лековите на рецепт што им ги пропишале лекарите. Мајки на деца се жалат дека фалат антибиотици кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување. „Не знаеме кога ќе се разболиме ниту ние возрасните ниту моите деца. Барав антибиотик за син ми, но …

Фалат антибиотици и лекови за хронично болните Read More »

В петок возилата на јавниот превоз по неделен возен ред


По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред. Во сабота 27 …

В петок возилата на јавниот превоз по неделен возен ред Read More »