Киро Здравев едногласно избран за претседател на Судски совет


Киро Здравев едногласно е избран за нов претседател на судскиот совет. За него гласаа 12 членови на советот освен судијката Гордана Спиреска која беше отсутна на гласањето. На гласањето дојде и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски кој исто така учествуваше во гласањето.