Фенербахче се пласира на Ф4 во Евролигата

Фенербахче е втората екипа која обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор во кошаркарската Евролига.

Во четвртиот натпревар од серијата, тимот од Истанбул славеше на гости кај Жалгирис со 82:99.

Противник на Фенербахче во полуфиналето ќе биде подобриот тим од дуелот меѓу Анадолу Ефес и Барселона, во кој турскиот тим има предност од 2:1 во победи.