Персоналецот со раст од 12 отсто, но не поради прогресивното оданочување


Фото: Б. Грданоски

Раст од над 12 проценти бележи собирањето персоналец во првиот квартал од годинава. Податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека од јануари до март годинава биле собрани околу 4 милијарди денари наспроти 3,6 милијарди денари лани. Првиот квартал од годинава има раст и на приходите од данок на добивка, од 7,9 отсто а раст од 5,1 отсто има кај ДДВ.

Растот на персоналецот не се должи на оданочувањето со прогресивната стапка на данокот, објаснува Павле Гацов, даночен консултант.

„Растот на персоналниот данок од доход е очекуван и проектиран. Се должи на тоа што се смени режимот на оданочување во 2019 година. Но, главно, не се должи на зголеменото оданочување на платите, затоа што нето-плати повисоки од 89.000 денари има малку. Овој дел ќе стане интересен кога ќе почне да се исплатуваат износи за деловна успешност, бонуси и слични додатоци на плата, со што ќе се пробива оваа сума, па ќе има прогресивно оданочување“, објаснува Гацов.

Зголемените приходи од персоналец во првиот квартал, според Гацов, се должат на зголемената стапка од 15 отсто кај оданочувањето на доходот од закуп и подзакуп, дивиденда, капитална добивка, добивка од игри на среќа, подароци и други доходи.

(во милиони денари)

(А.С.)