Убиство во Рашче: Пукано од џип со бугарски таблички


Едно лице е убиено во пукање што се случило попладнево во скопското село Рашче.

Според првичните информации убиен е постар маж, а медиумите пренсуваат дека кон него било пукано од џип во движење со бугарски регистерски таблички.

Министерството за внатрешни работи потврди дека е убиен маж во Рашче, а дополнителни информации најавуваат за подоцна.