Андреј Пленковиќ го очекува третото дете


 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговата сопруга Ана Маслаќ Пленковиќ го чекаат третото дете, а регионалните медиуми дознаваат дека двојката чека син, што потврдиле извори блиски до премиерот.

Ана (42) е веќе во третото тромесечие од бременоста и добро се чувствува. Андреј и таа со голема радост ја чекаат приновата, а на братот се веселат и нивните деца Марио и Мила.

Андреј и Ана во брак се од октомври 2014 година. Нивниот син Марио, кој името го доби по дедо му и кого двојката го доби по два месеци од венчавката, оди во прво одделение, а ќерката е родена 2017 година, оди во градинка.

Премиерот и сопругата деталите од приватниот живот успешно го кријат јавноста и водат мирен семеен живот.