Американски морнари изработиле „листа за силување“ на нивни колешки
Како што јави ДПА, на т.н. „листа за силување“ се подредени сите жени морнари на „Флорида“, која е една од двете американски подморници со полово мешан екипаж.
Во извештајот се посочува дека раководството на американската Воена морнарица поради овој случај на откриената сексуално експлицитна листа, го разрешило главниот офицер на подморницата, капетанот Грегори Керчер.
Во образложението за разрешувањето на Керчер се вели дека тој е ослободен од должноста поради „недостиг на доверба во неговите раководни способности“, при што се посочува дека на подморницата биле толерирани „навредливи и сексистички коментари“.
– Гласините за постоење на „листа за силување“ се прошириле меѓу членовите на екипажот, што кај најголем број од жените предизвикало загриженост за нивната безбедност. И некои машки членови на екипажот исто така бил згрозени, изјави вицеадмиралот Џеф Џеблон.
Воената морнарица информира дека поради случајот со листата, двајца морнари на подморницата се отпуштени од служба, а против одреден број членови на екипажот се преземени казнени мерки.