80-годишник почина откако го прегази сопствениот трактор


Осумдесетгодишен жител на скопското село Љуботен почина по тешките повреди здобиени во несреќа што се случила во неговиот двор, додека го поправал сопствениот трактор.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 25 април 2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив бил донесен Н.М. (80), кој се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, несреќата се случила на 20 април околу 11:15 часот, кога тракторот кој го поправал се придвижил и го прегазил.
И покрај напорите на лекарите, повредениот им подлегнал на повредите на 25 април во раните утрински часови.