„За жал, кризата во Заливот ќе потрае“: Мицкоски го „чува“ намалувањето на ДДВ за бензините за понатаму?


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека кризата во Заливот ќе потрае, а со тоа и состојбата на пазарот на нафтени деривати, чија цена изминатите неколку недели е повторно во пораст, а согласно одлуката на РКЕ од понеделникот дизелот чини 101,5 денари за литар, а бензинот 95 денари за литар, што е нивна највисока цена уште од […]

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава


Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците […]

Три авиони на ДЗС, пожарникари и екипи на „Национални шуми“ го гаснат пожарот на Китка


Продолжува и денеска интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа Каршијак, при што на терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси. Во гаснењето се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и тимови на „Национални шуми“. Исто така, директорот на […]

Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фаза


Општина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците. Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во […]

Кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување, го оштетиле Буџетот 23.442.425 денари


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот […]

Од утре почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк: Бруцошите добиваат 140 денари дневно


Од утре, 26 август, почнува пријавувањето за субвенционираниот студентски оброк, информира Министерството за образование и наука, кое го објави јавниот повик за остварување на ова право. На повикот можат да се пријават редовни студенти запишани на прв и втор циклус студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети. Услов е студентот да […]

Мицкоски би бил најсреќен САД да не одобруваат иселенички визи на македонски граѓани


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека би бил најсреќен доколку САД не им даваат иселенички визи на македонски граѓани. Тој ова го изјави во одговор на новинарско прашање при посетата на УХМР, при што рече дека политиката на Владата е да ги враќа иселениците во земјава. Новинарите, меѓу другото прашаа дали за време на […]

Гучи ја сними новата кампања со Кејт Мос во Загреб


Познатата британска манекенка Кејт Мос и хрватскиот актер Горан Богдан се лицата на новата кампања на Гучи наречена „Примавера“, во режија на Јохан Ренк. Краткиот филм е снимен во хотел во Загреб во Ланиште. Во него, Кејт Мос пее заедно со култната песна на Крис Исак „Wicked Game“, додека соба полна со странци се трансформира […]

Бутел обезбеди ранец со училиштен прибор и униформа за сите првачиња


Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток […]

Кисела Вода и Природнонаучниот музеј потпишаа Меморандум за соработка


Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината – информира денеска општинската прес-служба. Со Меморандумот се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во […]

Мицкоски за „Брајтбарт“: Македонија стои зад Трамп


Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ изјави дека Македонија силно ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да донесе конкретни резултати во областа на безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите. Мицкоски посочи дека македонската влада воспоставила контакти со тимот на Трамп уште за време на неговата […]

ВЛЕН: Кој обвинител стои зад понудата за договор со Груби?


По првото рочиште за случајот против Артан Груби повторно се отвораат прашања за можните обиди постапката да заврши со договор со Обвинителството, реагираат од коалицијата ВРЕДИ. Од ВРЕДИ тврдат дека постоела можност Груби да биде убеден да признае вина во замена за поблага санкција, со што би ставил крај и на политичките амбиции за преземање […]

„Пародија“ во Струмица – МВР ќе ги казнува земјоделците што ќе протестираат со нерегистрирани трактори


  СТРУМИЦА – Струмичките земјоделеци за денеска во 11 часот најавија блокада на подрачната канцеларија на Министерерсвото за земјоделство незадоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“, но од МВР добиле насоки дека ќе ги проверуваат и казнуваат нерегистрираните трактори и приколки. Оваа информација јавно ја сподели организаторот „Месно здружение на млади Муртино“ пишувајќи дека има […]

Ал-Шараа му се заблагодари на Трамп: По 47 години САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот


Соединетите Американски Држави (САД) вчера официјално ја отстранија Сирија од својот список на држави спонзори на тероризмот. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шараa силно ја поздрави одлуката. Во своето обраќање, ал-Шараa изрази длабока благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп, како и до сите пријателски земји за нивната поддршка. „Денес, Сирија отстранува темна дамка и затвора болно поглавје […]

„Лего“ забележа рекорден раст на продажбата благодарение на Светското првенство во фудбал и Формула 1


Данскиот производител на играчки Лего забележа рекорден успех и скок од 21 процент во продажбата во првата половина од годината. Приходите на компанијата достигнаа 41,9 милијарди дански круни, или околу 6,54 милијарди долари, додека нето добивката се зголеми за дури 32 проценти, или на 8,6 милијарди круни (2,25 милијарди КМ). Овој раст е забележан благодарение […]

Британските власти наложија „Тик-ток“ да ги отстрани видеата што промовираат опасно возење


Британската влада побара и наложи „Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица. Министерот за одбрана Лук Полард порача дека платформите мора самите да реагираат, а владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за […]

Без вода улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“


Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Денеска, поради уличен дефект ф-150 мм на ул.„Самоилова“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Самоилова“, ул. „Јоаким Крчовски“ и ул.„Банатска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот […]

Попладне можни се грмежи, пороен дожд и услови за невреме, најавува УХМР


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.  На минатото рочиште […]

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ


Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна […]