ЕУ првпат по три години во трговски дефицит


Европската Унија во второто тримесечје од 2026 година забележа трговски дефицит од 21,8 милијарди евра, што е прв минус по три години, покажаа податоците на Евростат објавени денеска. Според извештајот, Европската Унија од април до јуни од земјите надвор од Унијата увезла стока вредна 701,8 милијарди евра, додека извезла стока во вредност од 680 милијарди […]

Мал пазар, големи идеи: Како науката може да ја промени македонската иднина 


Може ли код напишан во Скопје еден ден да му помогне на лекар во Виена? Може ли анализа на почвата направена во Штип да стане решение што ќе го користат земјоделци низ Европа?  Одговорот е: да, а дел од тоа веќе се случува.  Во новата епизода на „Што го врти светот?“, гостува Виктор Митевски, соосновач и извршен директор […]

Од денеска за 15 отсто намалени цените на училиштниот прибор (видео)


Намалување на цените од 15 отсто на тетратки, ранци, молици, торби, или се она што им е потребно на учениците за почетокто на новата учебна година, може да се очекува во книжарниците од денеска, а намалувањето ќе трае до 30 септември.  – Со почетокот на новата учебна година нашата цел е да им помогнеме на […]

Џеф Безос на Мљет во бизнис друштво


Џef Безос, основачот на Амазон, ја посети јахтата на Јан Коум, компјутерски програмер, милијардер и коосновач на популарната апликација за пораки WhatsApp, која е закотвена во близина на Мљет. Безос пристигна на јахтата доцна попладне, во придружба на американскиот медиумски магнат и милијардер Бери Дилер. Јан Коум слета на неговата јахта со хеликоптер истиот ден. […]

Владата ќе заштеди на порастот на пензиите поради падот на платите во јуни


  Падот на просечната исплатена плата во јуни веројатно ќе ѝ донесе на Владата заштеди за парите кои ќе треба да ги обезбеди за законското усогласување на пензиите во септември, но и за месеците потоа. Колкаво ќе биде нивелирањето, засега не се знае, бидејќи се прават последните пресметки, според изјавата на премиерот Христијан Мицкоски денеска, […]

Најмалку 35.000 луѓе починале од неколкуте топлински бранови во Европа


  Најмалку 35.000 луѓе повеќе починаа за време на четирите рекордни, последователни топлотни бранови во Европа ова лето отколку што би се очекувало нормално, според нецелосни бројки од едвај половина од континентот. Само во три од поголемите земји на ЕУ – Германија, Франција и Шпанија – вишокот смртност веќе надмина 25.000, според привремените национални бројки, […]

Сирики Дијабате нов фудбалер на Вардар


Македонскиот фудбалски шампион Вардар има нов играч во своите редови. Станува збор за Сирики Дијабате. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има 23 години и настапува на позицијата централен дефанзивец. Дијабате е висок 192 сантиметри и ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Претходно се дозна дека стоперот на Вардар, Дарко Велковски ги […]

Од утре лекот „myfortic“ за пациентите со транспланитрани органи ќе биде бесплатен Македонија


Пациентите со трансплантирани органи од утре (26 август) ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг и 360 мг без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни […]

Мицкоски: ВИ и дата центрите се новата нафта, што на Македонија може да ѝ овозможат развој


  Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент, кој ќе ѝ овозможи долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој, истовремено, упати остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Премиерот Мицкоски посочи дека […]

Жерновски: Се спрема сценарио за предвремени избори и меѓуетнички тензии


Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски подготвува сценарио за предвремени парламентарни избори и вештачко предизвикување на меѓуетнички тензии, кои според партијата се координирани со српските и руските служби. На денешната прес-конференција, секретарот за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски, истакна дека нивна должност е да ги предупредат […]

Месечевата еклипса на 28 август носи промени: Еве што го чека вашиот знак


Месечевата еклипса во Риби носи период на зголемени емоции, преиспитување и промени, а секој хороскопски знак може да го доживее различно. Месечева еклипса во Риби Во петок, 28 август, можеме да очекуваме делумно затемнување на Месечината во Риби. Тоа е многу изразен небесен настан за време на кој сенката на Земјата ќе покрие голем дел […]

Ерозија на образованието: Во основно 200 паралелки помалку, во средно – 100


  Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата, соопшти денеска на прес-конференција министерката за образование Весна Јаневска, но затоа објави дека годинава има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно.  Министерката обелодени дека во учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња, но тоа не е дефинитивниот […]

„Длабочината и Каменот“ – Евгенија Зафировска со нова модна колекција инспирирана од Брач


Eвгенија Зафировска има модна колекција насловена „Длабочината и Каменот“ (The Deep & The Stone) – вистинска ода на луксузот, инспирирана од контрастот помеѓу мистериозните морски длабочини и опуштената префинетост на брегот. Својата инспиративна премиера колекцијата ја доживее во раскошниот амбиент во Сутиван на Брач, каде што синилото на морските длабочини безвременски се прекршува преку белината на […]

Пехчево не сака дата центри – Советот беше едногласно против


  По малку неочекувано Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во Пехчево. Имаше бурни реакции во […]

Внуката на Грејс Кели ја доби својата прва книжевна награда за „La fêlure“ на Корзика


Шарлот Казираги, 40, ужива во особено незаборавна година, исполнета со големи пресвртници и значајни моменти. Доживотна љубителка на литературата, средното дете на принцезата Каролина од Монако ја објави својата прва самостојна книга во јануари, La fêlure (Пукнатината), еден од нејзините најамбициозни и лични проекти досега. „Треба да се гледа како патување, серија варијации на една […]

МФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор


 За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, соопштија од Министерството.   Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, […]

Преку порталот е-наука лесно се стигнува до истражувачите – моќна алатка за бизнисите и меѓународните научни мрежи


Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web […]

Трамп ѝ дава енергија на проевропската кампања на Исланд


  РЕЈКЈАВИК — Проевропските активисти имаат практична Баба Рога за да ги придобијат исландските гласачи пред критичниот референдум во сабота: американскиот претседател Доналд Трамп. Заканите на Трамп за анексија на Гренланд – најблискиот сосед на Исланд – додадоа силна геополитичка димензија на референдумот за продолжување на преговорите за членство со ЕУ, кои инаку можеби ќе […]

Селин Дион позира со скапоцени камења од 53 карати и крзно за „Харперс Базар“


Накитот на Селин Дион е титански. 58-годишната поп-икона го покрива септемвриското издание на Харперс Базар во впечатлив ѓердан од Булгари, чиј централен дел е 49-каратен танзанит во длабока, заситена сина боја опкружен со повеќе од 4 карати дијаманти. Снимањето го означува нејзиното очекувано враќање на сцената по шестгодишно отсуство, за време на кое се бореше […]

Мицкоски ја ставил Македонија на „нишанот“ на Иран


  Премиерот Христијан Мицкоски во скандалозното интервју за „Брајтбарт“ извести дека со одлука, за која никој не знае во државава, ја ставил Македонија на ракетниот „нишан“ на Иран. Во интервјутo, во кое главно брише под со Македонија и со себе со нападното додворување на Трамп, Мицкоски соопшти дека една од причините зошто претседателот на САД […]