Секојдневно се миело околу контејнерите!? „Комунална хигиена“ убедува – никој не верува
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите.
Како што посочуваат од претпријатието, продолжуваат и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на автоцистерни.
Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје извршиле миење на целокупниот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ лоцирана во строгиот центар на градот, како и во непосредната околина и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ лоциран во кањонот Матка, стои во соопштението од ова јавно претпријатие.
Од друга страна, граѓани сведочат, дури и повикуваат преку социјалните медиуми,к аде постираат фотографии од контејнерите во близина на зградите кадешто живеат, дека смрди по улиците и по испразнети контејнери.

„Пред зградите 30-28 на „Видое Смилевски бато“ комуналци направиле смрдлива баричка која е потенцијална бомба за секакви зарази, смрди на километри. Таа помошна улица не е исчистена од времето на Ивица (градоначалник на Аеродром пред три мандата). Ве молам комуналната служба на општината да направи нешто, ако имате инспектор нека излезе на терен“, пишува во обајва од пред 21 час.

Убаво е што од „Комунална хигиена“ решиле да замијат пред големиот христијански празник, пред црквите посветени токму на утрешната светица – Богородица, но дека се смие секојдневно, насекаде низ градот, не е точно. Скопје не мириса на шампон, туку смрди од исцедоци од контејнерите.(Б.Б.)