Од утринава почна метежот на ГП ,,Богородица” за влез во Грција
Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин „Богородица“, на излез од Македонија кон Грција.
Во периодот на 06:30 и 07:30 часот, на снимките од камерите можеше да се забележат голем број возила наредени во повеќе колони кои чекаат за преминување на границата.
Зголемената фреквенција се очекува и во попладневните часови поради продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје