Комерцијална банка инвестира во културата и сцената – поддршка за јубилејот „35 години независност“


Комерцијална банка ќе биде еден од поддржувачите на националната програма со која годинава се одбележуваат 35 години од независноста на Македонија – јубилеј што ќе биде проследен со серија големи музички, културни и уметнички настани низ државата.

Од Банката порачуваат дека општествениот напредок не се гледа само низ економските резултати, туку и преку вложувањата во културата, уметноста, образованието и иницијативите што ги поврзуваат граѓаните и го негуваат националниот идентитет.

Jубилејната програма „35 години независност“ ќе донесе повеќе домашни и светски музички имиња и настани со различен формат. Меѓу најавените е мјузиклот „35 години Независност“, во кој ќе учествуваат повеќе од 100 македонски артисти, како и концерти на Paul van Dyk и Paul Oakenfold.

Во рамки на програмата е најавен и настап на светски познатиот тенор Jose Carreras, заедно со македонски музички имиња и Македонската филхармонија. Предвидени се и концертите „Најдоброто од Македонија“ во Струмица и Скопје, а кулминацијата на одбележувањето треба да биде настапот на David Guetta на Денот на независноста.

За Комерцијална банка, поддршката на јубилејот е продолжение на нејзиниот пристап кон општествената одговорност и вложувањето во проекти што имаат пошироко значење за заедницата.

Банката, која повеќе од седум децении е присутна во домашната економија, со ова партнерство сака да придонесе и кон промоција на македонската култура, уметност и вредности пред домашната и меѓународната јавност.

На тој начин, 35-годишнината од независноста нема да биде одбележана само како историски јубилеј, туку и како голема културна и музичка програма што треба да обедини различни генерации и публика од целата земја.

(Комерцијален текст)