Прекин во водоснабдувањето на улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“
Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“ бб, за потребите на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“.
Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
– Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Воин Драшкоци бб за ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности – стои во соопштението.