Презентација на информации поврзани со досегашните истражувања на локалитетот „Пенелопа“ во Охрид


Археолошкиот музеј на Македонија и Заводот и музеј, Охрид денеска организираат настан на Археолошкиот локалитет „Пенелопа“, кој се наоѓа на просторот на поранешните бараки на „Трудбеник“, во близина на каналот Студенчишта во Охрид.

‎На локацијата, како што информираат од Општина Охрид, ќе бидат присутни стручните лица кои работат на археолошките ископувања, кои ќе дадат изјава за медиумите и ќе споделат информации поврзани со досегашните истражувања на овој значаен локалитет.