Како посивените бели чорапи повторно да излезат бели по перењето?


Наместо веднаш да купите нов пар, можете да пробате едноставен домашен трик што може да го продолжи животниот век на вашите омилени бели чорапи.

Белите чорапи сè уште изгледаат сивкасто по перењето и како да не се целосно чисти? Ова е чест проблем, особено кога нечистотијата останува во влакната на ткаенината со текот на времето. Сепак, пред да ги фрлите, можете да пробате да ги потопите во специјална смеса што помага со нечистотиите со кои стандардното перење понекогаш не успева да се справи.

Постапката е едноставна. Во три литри топла вода, додадете две лажици сода бикарбона, една лажица сол, 100 мл трипроцентен хидроген и една лажичка детергент за перење.

Оставете ги чорапите во оваа смеса околу еден час. После тоа, нежно протријте ги местата каде што има најмногу нечистотија, а потоа перете ги во машината како и обично.

На овој начин, тврдокорните наслаги можe да омекнат, а ткаенината може да изгледа значително посветла и полесно да се пере за време на стандардниот циклус.

Сепак, многу старите и многу сивите чорапи веројатно нема повторно да станат снежно бели. Овој трик е првенствено корисен за вообичаени траги од нечистотија што остануваат дури и по перењето.

Важно е да користите три процентен хидроген и да потопувате на овој начин само бели алишта чија декларација дозволува ваков третман.